„Играњето“ на окото знае да биде многу непријатно, а според лекарите најчесто е симптом на замор,кога мускулите на око биле преоптерени и сл., а може да биде и многу непријатно.
Сепак, иако медицината кажува едно, кај нашиот народ, но и во туѓите култури се познати и некои верувања кои ја објаснуваат причината за „играњето“ на левото или десното око.
Верувања
Во Кина, играњето на левото око се смета за знак на среќа, додека играњето на десното око се верува дека носи лош знак.
На Хаваи има тотално поинакво значење, па играњето на левото око значи дека во вашето семејство ќе дојде непозната личност, но ако игра без прекин, тоа значи дека може да дојде до распад на семејството.
Индијците трепкањето на левото око го сметаат за знак на лоша среќа, додека трепкањето на десното око претставува среќа, сосема спротивно од Кина. Кај нас постојат неколку различни верувања.
Некои тврдат дека „играњето“ на десното око претставува исполнување на сите желби што сте ги замислиле, додека левото претставува лош знак.
Но, постои и верување дека ако левото око „заигра“ кај жена, тоа претставува повторно обединување со маж кого долго време не го видела, па се претпоставува дека тоа е добар знак бидејќи за време на војната жените биле загрижени за тоа дали нивните сопрузи ќе се вратат живи.
Еве уште неколку толкувања
Ако горниот дел од очниот капак на десното око ви трепери, тоа претставува радост во семејството, а долниот дел создава ново пријателство…