Ви го пренесуваме оригиналниот текст на психологот Олга Кеслер, која долговремено ги истражувала односите помеѓу партнерите, а особено се занимавала со темата за женската прељуба:
„Многу е распространето мислењето дека мажот практично „не го простува“ неверството на жената.
Работев многу и работам со жени кои ги изневеруваа своите сопрузи, а нивните сопрузи не сакаат да ги пуштат – тие, спротивно на општоприфатеното мислење, се многу подготвени да ја простат прељубата.
А овие жени после тоа се обидуваат да му се вратат на семејството со тело и душа, но тешко им е… Телото не се дава, сака да си оди, а тие трпат…
Морам веднаш да кажам дека има жени кои по неверството се вратиле во семејството, а сега живеат со сопрузите кои секојдневно ги казнуваат, па во тој брак ја отслужат својата „доживотна“ казна.
Но, денес не зборувам за нив, туку за оние жени кои по прељубата решиле да им дадат втора шанса на семејството и сопругот…
Што се случува со таа жена: моментот кога го изневерила сопругот и тој дознал дека таа сака да замине, дека размислува за нов живот со нов маж – нејзиниот сегашен сопруг почнува да се менува….
Така таа се вџашува и го гледа некогашниот нервозен и лут маж кој сега е благ и нежен како ползи пред неа, и купува цвеќиња, и отвора врата, ја носи на вечера, бара интимноcт секоја вечер, ја бакнува и ја гушка пред сите, а сето тоа за да и докаже дека не смее да си оди, бидејќи ќе изгуби нешто вредно.
И таа жена почнува да размислува сепак да остане со него, бидејќи со него има деца, години брак, куќа… Потоа си помислува: „Можеби, сепак, поради децата…“
А кога ќе раскрсти со својот љубовник, кога ќе реши да ги врати телото и душата во куќата и семејството, се случува следново:
Денот и поминува како и обично, но ноќите… Ноќите се агонија. Нејзиното тело не реагира на нејзиниот сопруг, тој сега и се гади, неговите бакнежи и пречат, таа се згрозува од неговиот допир…
И таа се обидува втората вечер да испие чаша – две вина, да се опушти, но телото не пати… Телото не може да се потчини, се противи… Ако случајно ѝ го каже ова на другарката, таа ќе и каже дека е будала, дека со текот на времето сè ќе се врати во нормала, да издржи…
Но, само психолог ќе ја разбере оваа жена, бидејќи психологот може да и каже дека таа е сосема нормална жена и дека нејзиното тело бара среќа, дека е достојна за љубов, дека причината поради која заминала е сè уште тука и дека телото се сеќава на тие причини.
Тоа што сака да се излаже, телото не го прифаќа… Ова е ситуација која може да се реши на два начина: -да го остави сопругот и да живее свој живот или да отидете на долга терапија и да се надминете себеси со текот на времето“.