Ако сте поборник на природната козметика и сакате на природен начин да ја одржувате убавината на лицето, тогаш овој рецепт пријатно ќе ве изненади, бидејќи за многу кратко време прави чyдо од кожата.
Освен што е евтин и се прави од лесно достапната намирница- ленено семе, овој препарат делува неверојатно ефикасно. Маската за лице приготвена со ленено семе ја зајакнува и тонизира кожата, ја одржува здрава, хидрирана и придонесува за младешки изглед.
Маската од ленено семе темелно ги чисти лицето, ја зајакнува и затегнува кожата, а притоа ги затвора или намалува проширените пори. Го забавива стареењето, ја одложува појавата на брчки, бидејќи содржи својства против стареење.
Кремот од ленено семе ги отстранува дамките, фините и плитки брчки, ја враќа младоста на кожата. Лененото семе е најбогат извор на омега 3 масни киселини. Лененото семе е богато со есенцијални хранливи материи, содржи лигнани, висококвалитетни протеини и влакна.
Исто така, лененото семе е богат извор на витамините Е и Б -комплекс за кое е познато дека се многу важни за заштита на кожата и одржување на нејзината еластичност. Ја штити кожата од штетните влијанија на слободните радикали. Еве како се приготвува овој природен козметички препарат:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ И ПОДГОТОВКА: Во тенџере сипете три полни супени лажици ленено семе и прелијте со 300 мл вода. Ако правите помала или поголема количина запазете го соодносот меѓу лененото семе и водата, а тоа е 1 супена лажица на 100 мл вода.
Темџерето ставете го на оган, па штом зоврие намалете ја температурата и оставете да се вари уште 3-4 минути. Оставете го настрана да се олади. како што ќе се лади, така течноста ќе се претвора во слузав гел.
Кога ќе се олади, содржината процедете ја преку газа. Добиениот гел складирајте го во стаклена тегличка со вакуумски капак (добро да се затвора). Овој гел нанесувајте го на чиста кожа, оставете да делува 10 минути, а потоа исплакнете со млака вода.
Лицето и вратот пребришете ги со мека крпа со тапкање, а потоа нанесете го вашиот вообичаен крем за лице. Гелот чувајте го добро затворен во фрижидер и нанесувајте трипати седмично. Видеопрезентацијата на Тања погледнете ја ОВДЕ.