Потребни состојки:

6 јајца

9 лажици шеќер

9 лажици брашно (или 8 лажци + 1 какао)

1 прашок за печиво

1 ванилин шеќер

и уште:

150 г чоколадо за готвење

250 г путер/маргарин

200 г вишни од компот

10 мл рум (или помалку, по желба)

3 големи лажици џем од вишни или кајсија

за глазура:

100 г путер/маргарин

200 г чоколадо за готвење

Постапка:

Испечете го бисквитот (прво ги матите белките во снег и додавате шеќер, па ги спојувате со изматени жолчки, па со лажица додавате брашно со прашок за печиво).

Печениот бисквит оставете да излади, па искршете го во голем сад (кога го правев за првпат, сопругот ми рече: дали си нормална што правиш, баш убаво ти излезе колачот 🙂 ).

Во микробранова растопете го чоколадото и путерот, малку изладете и прелијте преку искршената кора.

Додадете вишни, рум и џем, па сите состојки добро промешајте ги – изгмечете со раце за да се добие компактна смеса, како кал.

На чинија за послужување ставете фолија, па врз неа со раце обликувајте го колачот, јас го правам во вид на ролат. Се остава преку ноќ да излади убаво, па следниот ден се одвиткува од фолијата и прелива со чоколадна глазура.

Излегуваат два ролати од околу 5 см широчина и 25 см должина.

Можете да правите и мали топчиња/бомбици ако сакате. Смесата е многу вкусна.