Потребни состојки:

Се користи шолја од 250 мл

1 шолја полна до врв брашно

1 јајце

1 лажичка прашок за печиво

80 г путер/маргарин

3 лажици шеќер

за фил:

500 г свежо сирење (несолено)

¾ шолја шеќер

3 жолчки

1 лажица пченичен скроб (гриз)

100 г кисела павлака

1 ванилин шеќер

за шлаг:

4 белки (1 жолчка ви останува вишок)

100 г шеќер во прав

2 лажици вода на собна температура (млачна)

Постапка:

Од состојките за тесто замесете меко тесто, убаво измесете го да биде мазно, завиткајте го во пластична фолија и оставете го 30 минути во фрижидер.

Рерната загрејте ја на 180 степени и подгответе го тркалезниот калап за торта 23 см.

Од хартија за печење исечете поголем круг од калапот.

Кога тестото е готово, премесете го со раце и ставете го на хартијата, и со рацете или со оклагија развлечете го да биде поголем од дното на калапот (мора да стои во висина и на ѕидовите од калапот за да не истекува филот).

Состојките за фил ставете ги во блендер и сите заедно измиксајте ги додека да добиете изедначена смеса. Излејте ја врз тестото, израмнете и печете 35 минути.

Пет минути пред крајот од печењето изматете ги белките во цврст снег, додавајќи постепено шеќер и 2 лажици вода претходно промешани, додека да стане цврсто (свртете наопаку, ако не паѓа значи дека е добро изматено).

Извадете ја питата и со шпатула добро распоредете го снегот одозгора и убаво израмнете. Печете уште 12 минути (придржувајте се добро на минутажата ако сакате да се појават ангелските солзи на површината од колачот).

Снегот мора да добие светло кремава боја како на фотографијата.

Извадете го колачот и оставете го да излади во некој ладен ходник или просторија.

Пред крај кога ќе биде млака тортата, префрлете ја во фрижидер и изладете до крај (во текот на ладењето се појавуваат капки на површината во вид на солзи, по кој овој колач го добил своето име.