Многу се вкусни, вака приготвени се топат во уста како локумчиња.

Потребни состојки:

4-6 парчиња јунешко месо
5-6 чешниња лук
Сол, црн пипер
1-2 лажици брашно
Вода

Динстан ориз:

½ главица кромид
50 мл масло
1 шолја ориз
Сол, црн пипер
3 шолји вода или месна база (супа)

Постапка:

Шницлите исчукајте ги да бидат тенки. Посолете ги и побрашнете ги обилно од двете страни.

Загрејте го маслото, па испржете ги од двете страни да заруменат. Вадете ги на страна.

Во маслото каде сте ги пржеле шницлите пропржете го лукчето кратко и веднаш потоа залијте со вода, посолете и запиперете, додадете вегета и вратете ги шницлите во тој сос.

Оставете на тивко да крчкаат најмалку час и половина до два часа, додека месото целосно да омекне и речиси да почне да се распаѓа.

Секако, не смее да се распаѓа, пробајте со виљушка или нож дали е меко. Повремено промешајте со лажица за да не се залепи за дното и ако е потребно повремено дотурајте вода.

Оризот измијте го во врела вода, загрејте масло и пропржете кромид, па кога ќе стане стаклест додадете го оризот и пржете со постојано мешање.

Кога оризот ќе започне да се лепи за дното на садот, налејте вода или база, па додадете зачини.

Оризот исклучете го откако ќе врие 5 минути, поклопете и оставете да набубри.