Ретки се оние кои не се љубители на благото, а јас уште откога знам за себе постојано јадам благо. Со текот на годините, мастите од шеќерот почнаа да се лепат за мене и тешко слабеев. Откога го пронајдов рецептот на Александар за овие ситни колачи, многу ослабев и не јадам ништо благо освен ова.
Колачињата се здрави и многу вкусни, не содржат шеќер, а одозгора се преливаат со црно чоколадо. Секако, ова е опционално, можат да се јадат и без глазурата. Покрај тоа, пијам многу вода, јадам многу зеленчук и овошје и применувам гладyвање секоја вечер во период од 12 часа. Килогpaмите не се cимнуваат лесно, но навистина функционира доколку ова ви стане начин на живот.
Не престанав да јадам благо, едноставно го намалив внесот на бел шеќер и купечките чоколади. После долго време го најдов овој рецепт кој многу жени на моја возраст го користат додека се на диeта, бидејќи не содржи ништо што дeбелее во него. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 80 г овесни снегулки, 100 г суво грозје, 100 г ореви, јас користев мешавина од ореви и кикирики (1:1), 100 г суви сливи, 1 лажица сува брусница, 2 банани, 40 г темно чоколадо без шеќер, 1 лажичка кокосово масло.
ПОСТАПКА: Во послабок сад ставете ги овесните снегулки. Додајте го сувото грозје, кое не треба претходно да го сечкате. Оревите и кикириките исечкајте ги на дрвена даска (по желба, за поинтензивна арома, претходно истостирајте ги во нелеплива тава).
Сливите исечкајте ги на поситни парчиња, па додајте ги во садот со останатите состојки, заедно со сувата брусница. Јас додадов 1 лажица сува брусница, но може да ставите и повеќе. Бананите излупете ги и исечкајте ги на помали парчиња. Во обичен блендер или со рачен блендер измиксајте ги во кашеста смеса, како пире.
Најдобро е да користите зрели банани кои се поблаги. Пирето од банани не треба да има поголеми остатоци, треба целосно да биде кашесто. Соединете ги сите состојки рачно или со лажица додека да се формира компактна смеса. Вака подготвената смеса излејте ја во помал квадратен калап и рамномерно распоредете.
Смесата треба да биде 2 см подигната. Ставете на печење во загреана рерна на 180 степени, приближно 20-тина минути. Потоа, растопете го чоколадото со кокосовото масло и излејте преку колачот. Ставете во фрижидер накратко да се стегне, па исечете на коцки. Деталите погледнете ги ОВДЕ.