ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

•Сечкан лук или цели, но потсечени чешниња

•стаклена тегла

•маслиново масло

•капалка

•Лаванда-етерично масло (по желба)

ПОСтапка:

Сечканите чешниња лук ги ставате во стаклена тегла и ги преливате со маслиново масло. Маслото треба целосно да го покрие лукот и еден прст над него.

Ставете го садот на топло место, но внимавајте да не биде изложен директно на сонце или на многу висока температура, зошто може да ги изгуби лековитите својства.

По неколку дена (3-5), процедете го маслото и претурете го во неколку шишенца со капалка.

Евентуално можете да додадете една-две капки етерично масло од лаванда. Тоа ќе ја зголеми ефикасноста и ќе го продолжи рокот на траење.

Ако се чуваат запечатени и на ладно, суво место тогаш капките би требало да траат една година или повеќе.

Исто така, никогаш не ги користете капките кога од ушите се цеди течност или тапанчето е повредено.

Употреба: по 2-3 капки, по потреба, 2-3 пати дневно.