Ние жените си патиме од акумулирани масти околу рацете, стомакот и бутовите. Речиси на секоја жена ѝ се познава кога ќе качи некое килце. Никогаш досега се немам прејадувано, а од одредени причини ги качив килограмите кои после некое време ми претставуваа товар. Сè почесто се чувствував изморено, а колку и да внимавав на исхраната, тие се таложеа, никако не одеа во надолна граница.




Еден ден решив да се обидам да се ставам на калориски дефицит, односно да јадам помалку. Јадев само здрави работи, исфрлив сѐ што е процесирано. Исхраната ја базирав на овошје, зеленчук, билни чаеви, многу вода, а повремено си дозволував месни производи. Не знам точно кога почнав, пред неколку месеци, но досега оcлабев 10 кг.




Не може секој брзо да оcлабе, влијаат и многу други фактори како исхраната, средината, но и оние внатрешните фактори како cтресот, брзината на метаболизмот… Мене ми одеше супер, а постојано го јадев ова вкусно јадење – ќофтиња со тиквички, кои се нискокалорични, па затоа можев да јадам повеќе од нив. Рецептот е еден од повкусните.




Ќофтињата ги консумирав најчесто за ручек, но може да ги правите и за вечера (минимум 3 часа пред спиење), доколку сте почесто гладни навечер. Може да ги послужите со зеленчукова, свежа салата, варен ориз или со вкусен сос, за кој можете да го прочитате рецептот подолу. Тиквичките во ќофтињата содржат многу нутриенти, и имаат само 25 калории на 100 г тиквички. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 тиквички, 1 морков, 1 сладок компир, 1 лажичка сол.
100 г кашкавал, 3 чешниња лук, 2 јајца, ½ лажичка црн пипер, 150 г презла. ЗА СОС: 1 кромид, маслиново масло, 1 тиквичка, копар, 120 г сирење, 3 чешниња лук.




ПОСТАПКА: Исечете ги двата краеви на секоја тиквичка и сосе лушпата ирендајте ги на средната страна од рендето. Ставете ги тиквиците во еден подлабок сад, па изрендајте го излупениот морков на најмалата страна од рендето. Слаткиот компир излупете го, па изрендајте го исто како морковот.




Двете намирници складирајте ги во садот со тиквиците, малку посолете, па измешајте сѐ со лажица. Настрана изрендајте го кашкавалот на ситно, а чешнињата лук поминете ги низ преса или исечкајте ги ситно. Измешајте ги кашкавалот и лукот. Во посебен сад измешајте ги јајцата (најдобро е да користите домашни).




Смесата од тиквици, морков и складок компир ќе „плива“ во соковите, така што исцедете ја, пред да ја измешате во останатите состојки. Оваа вода се фрла. Измешајте со кашкавалот и лукот, додајте ги јајцата, па зачинете со црн пипер и соединете сѐ заедно.




Од оваа смеса обликувајте топчиња со големина по ваша желба. Јас ги правам поголеми. За овие ќофтиња не ви треба брашно. На дрвена даска излејте малку лебни трошки и одозгора ставете ги ќофтињата кои дополнително треба да ги наросите со презлата, за од секаде да се опфатат.

На еден стандарден плех за печење, ставете хартија за печење, намастете со малку масло и наредете ги ќофтињата, малку раздалечени. Мене ми излегуваат повеќе од 15 поголеми ќофтиња. Печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени, 20-25 минути, додека да фатат фина коричка.

ЗА СОСОТ: Исечајте го кромидот на ситно и пропржете го во малку маслиново масло на тивко (околу 3 минути). Тиквицата исечкајте ја на коцки, па додајте ја во кромидот во тавчето и повторно пржете околу 3 минути. Исечкајте го копарот, ставете го во блендер, па во него додајте го и изренданиот кашкавал.

Во блендерот ставете 3 истиснати чешниња лук, па додајте ги пропржените тиквици и кромид. Сѐ заедно изблендирајте во фина и еднолична смеса, која ќе ви послужи како сос, кој е многу вкусен. Испечените ќофтиња послужете ги со сосот. Деталите погледнете ги ОВДЕ.