Направете ги овие вкусни орасници кои се приготвуваат многу лесно, брзо и едноставно. Јас ги правам долги години по нарачка, толку многу се вкусни што сите ќе ги изедете во едно седнување. Одамна ме прашуваа пријателките за рецептот, но сè досега го криев и не го кажував никому.
![]()
![]()
![]()
![]()
Поедноставни, а повкусни од овие колачи не можете да најдете. Едноставно се неодоливи. Слатки, вкусни, се топат во уста. А толку лесно се приготвуваат, би било штета да не ги пробате. Ви го откривам рецептот и сега можете и самите да си ги направите. Еве што е потребно:

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г просеано брашно, 200 г маргарин/путер, 50 г шеќер, прстофат сол, 10 г прашок за печиво (1 кесичка), 1 јајце, 200 мл кефир (може да се замени со кисела павлака). ЗА ФИЛОТ: 250 г ореви, 1 кесичка ванилин шеќер, 200 г шеќер, 1 белка, цимет (опционално).
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Маргаринот/путеро замрзнете го накратко за да може да го изрендате во брашното. Во еден подлабок сад просејте половина килограм брашно, па ставете ја целата коцка замрзнат путер и малку наквасете ја во брашното, за да не ви лепи. Потоа, започнете да го рендате во брашното со лесно соединување.

![]()
![]()
![]()
![]()
Откога ќе го соедините путерот, со рацете добро измесете ја смесата за да не остануваат поголеми грутчиња. Путерот лесно ќе се растопи со благо месење. Додајте 1 кесичка прашок за печиво, 50 г шеќер, прстофат сол, 1 јајце и 200 мл кефир. Овие состојки се додаваат во мала вдлабнатина во брашното, и се замесува тесто со постепено нафрлање на брашното кон средина.

![]()
![]()
![]()
![]()
Замесете фино и меко тесто кое треба да биде компактно и да не се лепи за рацете. Погрижете се целиот сад да биде исчистен од брашното и останатите состојки, така што сѐ ќе соберете во тестото. Тестото се меси кратко време додека да се соедини и да стане мазно. Вака подготвеното тесто ставете го во кеса или покријте го во садот со стреч-фолија и оставете го во фрижидер околу 20-тина минути, а во меѓувреме спремете го филот.






ЗА ФИЛОТ: Оревите ставете ги во тенџере или тавче на рингла и сосем малку истостирајте ги додека да ја пуштат својата прекрасна арома, околу 3-4 минути. Потоа префрлете ги во блендер или кеса и со оклагија изгмечете ги, додека целосно да се сомелат. Сомелените ореви ставете ги во подлабок сад и во нив додајте ги останатите состојки за филот: 1 кесичка ванилин шеќер, 200 г шеќер, 1 белка и цимет по вкус.

![]()
![]()
![]()
![]()

Соединете ги состојките, па преминете на тестото. Ладното тесто префрлете го на набрашнета површина и поделете го на два дела. Едниот дел вратете го во кесата, а другиот развлечете го со оклагија, на набрашнета површина. Тестото се развлекува во правоаголен облик, колку подолго и потенко можете. Потоа, низ целата кора се премачкува со половина од филот.

![]()
![]()
![]()
![]()

Вака подготвеното тесто завиткајте го од подолгата страна како ролат или палачинка. Тестото е толку тенко што навистина добива изглед на џиновска палачинка. Премачкајте го со 1 жолчка и потоа со нож исечете го на помали парчиња во косина (сечењето може да го правите и со ребрест нож, за колачите да изгледаат попривлечно).


Обично од еден ролат излегуваат 10 или 11 колачи. На истиот начин подгответе го и второто тесто, па колачите редете ги одвоени во плех, обложен со хартија за печење, со отворениот дел од филот кон плехот, а не нагоре. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, 30-35 минути. Деталите погледнете ги ОВДЕ.











