Фантастичен колач кој може да послужи како торта, сите ќе ви бараат уште едно парче.
Потребни состојки:
3 јајца
200 г шеќер
50 г рендано чоколадо
250-300 г какао крем
50 г растопен путер
150 мл млеко
200 г мелени бисквити
100 г гриз
1 прашок за печиво
1 лимон- рендана кора
постапка:
Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете ги сите состојки освен кремот, добро изедначете и смесата ставете ја во подмачкан плех.
Печете на 200 степени околу 35 минути.
Колачот изладете го и премачкајте го со какао кремот, па одозгора наросете со мелени бисквити или ореви.
Деталите можете да ги погледнете во видеото: