Колачот е многу едноставен, се прави од неколку состојки кои секоја домаќинка постојано ги има во својата кујна. Ова е еден од оние колачи кои се јаде цел во едно седнување. Многу е кремаст, а пандишпанот е исто многу мек и сочен.
Рецептот го имам со години и досега уште ги нема надминато останатите колачи. Сопругот ми бара да му го подготвувам по три-четири пати во еден месец, а некогаш и почесто. Не е многу благ и многу е лесен бидејќи е целиот во крем. Еве што ви е потребно:
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ЧОКОЛАДНИОТ ПАНДИШПАН: 80 г брашно, 30 г какао, 1 лажиче прашок за печиво, 3 јајца, 180 г шеќер, 50 мл млеко, 50 мл масло. ЗА ГЛАЗУРА: 40 г какао, 50 г шеќер, 200 мл млеко, 20 г путер (1 коцка). ЗА КРЕМОТ: 300 мл павлака за готвење (неутрална), 3/4 лажици шеќер во прав, 100 г крем сирење, 1 лажица какао. И УШТЕ ЌЕ ВИ БИДАТ ПОТРЕБНИ: 50 мл млеко.

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Најпрво подгответе ги состојките за чоколадниот пандишпан. Во еден сад измешајте 80 г брашно, 30 г какао и 1 лажиче прашок за печиво. Земете друг, поголем сад и во него скршете ги трите јајца. Започнете да ги матите со миксер додека да станат пенасти. Постепено започнете да додавате 180 г шеќер, на неколку наврати, додека непрекинато матите со миксерот.

![]()
![]()
![]()
![]()
Кога шеќерот ќе се растопи во јајцата, после неколку минути константно матење, додајте 50 мл млако млеко и 50 мл масло. Соединете со миксер, па низ сито, просејте ги сувите состојки, исто на неколку наврати. Кога ќе ги додавате сувите состојки, соединувајте ја смесата со жица/маталка или со најмала брзина на миксерот, за да не спласне.

![]()
![]()
![]()
![]()
Смесата треба да биде малку густа и да нема грутчиња од брашното. Хомогената смеса излејте ја во плех со димензии 24×24 см или слична големина, претходно намастен со една коцка путер и набрашнет на дното и од страните на плехот. Израмнете, па протресете го калапот неколкупати од рамна површина за да излезат акумулираните гасови од дното.

![]()
![]()
![]()
![]()

Вклучете ја рерната да се загрее на 170 степени, па ставете го колачот на печење 30-35 минути. По печењето, проверете го пандишпанот со чепкалка и оставете да се олади. Во меѓувреме подгответе ја глазурата. ЗА ГЛАЗУРА: Во едно тенџере соединете 40 г какао, 50 г шеќер и 200 мл млеко. Промешајте ги состојките, па ставете го тенџерето на рингла и гответе на умерена температура.





Повремено промешувајте ја смесата, па откога ќе зоврие, варете уште 15-20 секунди, па тргнете од рингла. Конзистентноста на глазурата треба да биде течна. Во глазурата додајте 1 коцка путер и измешајте додека е уште врела, а потоа оставете да се олади. Потоа подгответе го кремот.

![]()
![]()
![]()
![]()
ЗА КРЕМОТ: Во еден сад соединете 300 мл неутрална павлака за готвење и 100 г крем сирење. Може да користите било какво крем сирење, маскарпоне, филаделфија, абц… Измиксајте ги состојките додека да се формира едноличен крем, па додајте 3/4 лажици шеќер во прав и повторно измиксајте додека шеќерот да се растопи.

![]()
![]()
![]()
![]()
На крајот додајте 1 лажица какао, соединете со шпатула и започнете со филување на колачот. ФИЛУВАЊЕ: Пандишпанот избоцкајте го на неколку пати со чепкалка, па прелијте го со 50 мл млако млеко, за да биде посочен. Оставете да отстои 4-5 минути, па премачкајте го кремот и израмнете.

На крајот, прелијте со чоколадната глазура, повторно израмнете и ставете го колачот во фрижидер, да се стегне и да може полесно да се сече. Најдобро е да отстои неколку часа или преку цела ноќ во фрижидер, па послужете го со сечење на коцки. Деталите погледнете ги ОВДЕ.











