Оваа торта му ја направив на мојот внук за 18-от роденден. Чоколадна зебра торта, слоевита и многу богата, филот е толку кремаст и воздушест што се чувствува како целата уста да се исполнува со овој фантастичен фил. Слична торта видов на интepнет, но сепак се одлучив за сопствена варијанта и пандишпан по рецептот на Лорен Паскале.
Кремот е мој дериват кој на крајот ми излезе одлично. Изгледот (како и секогаш) не воодушевува многу луѓе, но тоа не го намалува вкусот. А тоа го потврдува и изјавата на еден од пријателите на мојот внук кој изел 3 парчиња од тортата и рекол: „Браво за баба ти!“ Сите деца кај внук ми не одбиле да ја пробаат тортата и тоа многу ме израдува што толку многу им се допаднала. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ТЕМЕН ПАНДИШПАН: 4 јајца, 250 г шеќер (кристал), 100 мл млеко, 250 мл сончогледово масло, 300 г брашно, 4 лажички прашок за печиво, 1 лажичка екстракт од ванила, 1 лажичка екстракт од портокал (или малку рендана кора од портокал за цитрусен вкус), 25 г какао во прав.
ЗА КРЕМОТ ЌЕ ВИ БИДЕ ПОТРЕБНО: 400 г чоколадо (најмалку 50% какао), 150 г путер, 80 г шеќер (кристал), 400 мл слатка павлака, 1 кесичка ванилин шеќер, чоколадни трошки за декорација на тортата. Тортата може да ја декорирате и по желба.
ПОСТАПКА ЗА ТЕМНИОТ ПАНДИШПАН: Во подлабок сад скршете ги четирите јајца, кои треба да бидат на собна температура, па во нив додајте 250 г кристален шеќер и започнете да матите со миксерот додека јајцата да станат пенасти, а шеќерот да се растопи во нив. Кога смесата ќе се згусне и ќе го зголеми својот волумен, постепено започнете да го додавате маслото (250 мл) и веднаш потоа додајте уште 100 мл млеко, на собна температура.
Засладете со 1 лажичка екстракт од ванила и додајте 1 лажичка екстракт од портокал или рендана кора од портокал. На крајот додајте ги сувите состојки, на следниот начин. Вкупно ќе ви биде потребно 300 г просеано брашно, измешано со 4 лажички прашок за печиво и 25 г какао во прав.
Смесата за пандишпан поделете ја на два еднакви дела – во смесата со ванила додајте 175 г просеано брашно и екстракт од ванила. Во чоколадната смеса додајте 125 г просеано брашно, какао и екстракт од портокал, а во секоја смеса ставете по 2 лажички прашок за печиво.
По додавање на сувите состојки, двете смеси измешајте јгисо шпатула за да не спласне, а ако ги матите со миксер, нека биде вклучен на најмала брзина и лесно изматете до соединување. За печење користете калап со дијаметар од 26 см.
Калапите обложете ги со хартија за печење, па на средина (од секој калап) ставете по 3 лажици од смесата од ванила и исто толку од чоколадната смеса и така до крај, како за мраморен куглоф – додека да се потроши смесата. Печете ги пандишпаните по 35 минути на 180 степени, во претходно загреана рерна. Проверете со чепкалка дали е печен бисквитот. Секој бисквит се пече идентично, ако немате две калапи, печете ги пандишпаните, еден по еден.
Оставете ги бисквитите да се оладат, а потоа пресечете го на половина на напречен пресек за да добиете 4 кори и по желба исечете го горниот испакнат дел за секој пандишпан да биде рамен. ЗА КРЕМОТ: Чоколадото искршете го на поголеми парчиња, префрлете го во сад, по можност огноотпорен. Додајте го шеќерот, ванилиниот шеќер и путерот.
Кога сѐ ќе почне да се топи, прелијте ја загреаната слатка павлака (не дозволувајте да зоврие) и мешајте додека да се растопи шеќерот. Изладете го кремот и одвојте приближно 50 г за горниот слој од колачот. ФИЛУВАЊЕ НА ТОРТАТА: Во калапот ставете го првиот пандишпан, па преку него 1/3 од кремот, израмнете, па потоа ставете го вториот пандишпан.
Малку притиснете, па повторно 1/3 од кремо и така до крај. Последната кора премачкајте ја со кремот кој претходно го одвоивте и декорирајте со чоколадни трошки или со нешто по ваш избор.. Или некоја друга декорација. Оставете ја тортата во фрижидер да се излади, по можност преку ноќ.
Ако сакате вашата торта да изгледа повеќе како „зебра“ користете „обично“ какао во прав, јас користев „темно какао“ така што „шарите“ во бисквитот беа потемни. Тортата беше послужена со многу љубов за нашето роденденско момче, кое посака некогаш повторно да ја повторам тортата! / Сoolinarka.сom