Оваа торта ја направив без некој посебен повод, едноставно сакавме да се заблажиме со некој брз и едноставен колач. Крајниот резултат сите нè воодушеви, зашто излезе многу вкусна и цврста торта која може да се послужува и на свечени пригоди, родендени и слично. Ја направив со некои мали измени, па во продолжение можете да ги прочитате двете верзии. Еве што ви е потребно:

рецепт 1




РЕЦЕПТ 1 (на Ванилица) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 8 белки, 8 лажици шеќер, 10 лажици мелени ореви, 2 лажици брашно. За фил: 8 жолчки, 8 лажици шеќер, 4 кесички пудинг од ванила (160 г), 1.3 литар млеко, 250 г путер, 250 г шеќер во прав, 300 г наполитанки од лешник, 150 г чоколадо. За декорација: 2-3 шлага или слатка павлака




рецепт 2

РЕЦЕПТ 2 (на Ерис) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 белки, 4 лажици шеќер, 5 супени лажици мелени лешници, 2 супени лажици брашно, 0.5 лажичка прашок за печиво. За фил: 500 мл млеко, 2 кесички пудинг од ванила (80 г), 4 жолчки, 6 лажици шеќер, 125 г путер, 200 г наполитанки со чоколадо, 200 г наполитанки со лешник, 50 г чоколадо, 2 шлаг пени за декорација (не мора)

рецепт 2




ПОСТАПКА за рецепт 1: пенасто изматете ги белките со постепено додавање на шеќерот сè додека да добиете цврст снег кој не паѓа од садот кога ќе го превртите. Потоа додајте ги мелените ореви и просеаното брашно и промешајте со лажица со бавни движења, црпејќи од долу кон нагоре за да се сочува пенливоста на смесата.




Кога смесата ќе се изедначи, сипете ја и рамномерно распоредете ја во намастен и набрашнет плех 41х27 или 30х28 см (може и помала димензија), или пак, обложен со хартија. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 20-тина минути или додека малку да зарумени (проверете со чепкалка).




За фил: изматете 8 жолчки со 8 лажици шеќер додека да добиете густа, светка и кремаста смеса. Во оваа смеса додајте го прашокот од 4 пудинзи со вкус на ванила, промешајте со миксер за да се соедини и да нема грутчиња и по потреба додајте малку од вкупното млеко.




Остатокот ставете го на оган, па кога ќе се загрее црпнете 2-3 кутлачи од топлото млеко и сипете во изматените жолчки, промешајте, па целата содржина вратете ја во тенџерето и варете на умерена температура со непрекинато мешање додека да се свари и да ја постигне посакуваната густина.




Оставете го филот целосно да се олади до собна температура. Посебно изматете 250 г путер со 250 г шеќер во прав, кој претходно бил исечкан на ленти и омекнат на собна температура. Оладениот крем од пудинг и жолчки изматете го со миксер и лажица по лажица соединете го со путерот.




Добиениот крем поделете го на два дела. Во првиот дел додајте 300 г рендани или кршени наполитанки од лешник (претходно замрзнете ги, а потоа полесно се рендаат). Во вториот дел додајте 150 г растопено чоколадо. Филување: кора – прв фил – втор фил – изматен шлаг. Тортата изладете ја пред послужување. Следи постапката за вториот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 2: состојките за бисквитот изматете ги како што е опишано во првиот рецепт, односно во цврстиот снег од белки и шеќер додајте ги сувите состојки, промешајте со лажица и смесата испечете ја. Кората оставете добро да се олади.

Жолчките изматете ги со шеќерот, па додајте го пудингот и млекото, па сварете го кремот. Кога че се олади соединете го со путерот, па филот поделете го на три дела:во првиот ставете мелени наполитанки со чоколадо и филувајте ја кората.




Во вториот дел додајте растопено чоколадо и нанесете го преку првиот фил, а во третиот дел додајте гио мелените неполитанки со лешници и распоредете го преку вториот дел. Шлагот изматете го според упатството и декорирајте ја тортата одозгора. Пред послужување добро изладете. / Сооlinarika.сom