Оваа торта содржи суво овошје, ореви и јаболка, но многу е повкусна од класичната торта или како што многумина ја нарекуваат „пита од јаболка“. Сите состојки се многу хранливи и задрави, па доколку ги одбегнувате масните торти, тогаш овој рецепт е вистинскиот за вас.

За подготовка ќе потрошите само 5 минути, а потоа ќе ви преостане само да ја испечете тортата. Постапката се одвива во неколку чекори: во еден сад ги мешате оревите со шеќерот и циметот, во друг сад сечканите јаболка со скробот, во трет сад ги матите јајцата со брашното и на крај сè соединувате заедно со натопеното суво овошје и ставате да се пече. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за калап 20х20 см) : 150 г суви кајсии, 100 г сува брусница (или некои други бобинки), 50 мл ликер или бренди (ќе испари во текот на печењето), 80 г шеќер, 1 мала лажичка цимет во прав, 250 г ореви, 4 јаболка, 3 супени лажици скроб/нишесте/густин, 4 јајца, 1 прстофат сол, 80 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), 80 мл масло, 200 г брашно, 1/2 кесичка прашок за печиво (5 г или 1 мала лажичка)




ПОСТАПКА: сувите кајсии (150 г) исечкјате ги на ситни коцкички и сипете ги во еден подлабок сад каде ќе ги измешате со сувата брусница (100 г). Наместо брусница може да употребите суво грозје или некои други бобинки кои не мора да бидат кандирани.




Залијте ги со 50 мл ликер, бренди или сок од портокал (може и со топла вода) и оставете ги 20-тина да се хидрираат и набубрат. Од изборот на течноста во која ќе ги потопите зависи и аромата која ќе ја добијат. Во посебен сад измешајте 80 г шеќер со една мала лажичка цимет во прав.




Оревите (250 г) сипете ги во сува нелеплива тава и загревајте ги на умерена температура со непрекинато мешање, додека малку да се потпечат и убаво да замирисаат. Потоа оставете ги да се оладат, па ситно исечкјате ги врз даска или во блендер со неколку „пулса“.




Во оревите сипете го шеќерот помешан со цимет и изедначете. Четири јаболка со средна големина излупете, исчистете ги од семките и исечете ги на тенки плочки. Редете ги во посебен сад во неколку слоја, а помеѓу секој слој наросувајте ги со скроб/нишесте (вкупно 3 супени лажици). Промешајте и тргнете настрана.




Во подлабок сад скршете 4 јајца, додајте прстофат сол, 80 г шеќер и 10 г ванилин шеќер, па изматете со миксер додека да добиете густа светла смеса. Додајте 80 мл масло и 200 г брашно помешано со половина кесичка прашок за печиво. Изматете со миксер додека да добиете хомогена, мазна смеса.




Калапот обложете го со хартија за печење и во него излејте половина од приготвеното тесто. Распоредете и израмнете, па одозгора посипете половина од оревите помешани со шеќер. Врз слојот од ореви наредете половина од јаболката (може да ги редите во правилен редослед ако се сечени во плочки или само да го покриете слојот ако сте ги исечкале во коцкички).




Потоа распоредете го сето суво овошје и повторете ја постапката но, по следниот редослед: тесто, јаболка и на крај ореви. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 170 степени, 60 минути.

Колачот практично повеќе се суши отколку што се пече. Оставете да се подизлади, наросете шеќер во прав и послужете. Колачот е многу вкусе и мириса неодоливо. Деталите погледнете ги ОВДЕ.