Можете да направите едноставен намаз од сирење и лук кој гарантирано ќе ве воодушеви. Уште ако додадете и малку димена сланина, тогаш ќе добиете полн погодок. Намазот можете да го мачкате на врел леб или да го послужите како мезе. Лесно се прави, едноставно состојките се соединуваат во блендер и тоа е тоа.

„селски намаз“ – рецепт 2




„лабнех“ – рецепт 4

Ароматичниот лук во комбинација со фета сирењето (рецепт 1) е одлична идеја, а овој намаз го воодушевел секој што го пробал. Во вториот рецепт се користи свежо кравјо сирење, малку лук и сланина и се добива фантазија од вкус. Се надеваме дека и останатите наши предлози ќе ви се допаднат:

„намаз од сирење и лук“ – рецепт 1




„селски намаз“ – рецепт 2

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г фета сирење, 1 главица лук, 1 супена лажица течен мед, маслиново масло по желба

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г свежо кравјо сирење, 1 полна лажица кисела павлака или кисело млеко, 50 г месната сланина (може и повеќе), 2 чешниња лук, прстофат мелена слатка пиперка, прстофат лута мелена пиперка, прстофат сол

рецепт 2

РЕЦЕПТ 3 (домашен кајмак од 3 состојки) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г путер, 100 г фета сирење, 100 г кисела павлака

домашен кајмак – рецепт 3

РЕЦЕПТ 4 (ЛАБНЕХ – топчиња) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 600 г густ јогурт (или кисела павлака), 1 лажичка сол, фина густа газа или нешто слично, цедалка

„лабнех“ – рецепт 4




ПОСТАПКА за рецепт 1: исчистете го лукот на чешниња, па ставете ги во тава со малку маслиново масло, па пропржете ги на пониска температура. Потоа ставете ги во блендер сосе маслото, додајте го сирењето, медот и зачини по ваш вкус (може и луто за пикантен вкус). Добро изблендирајте додека да се изедначи и вашиот намаз е спремен за употреба. Следи постапката за вториот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 2: Сланината ситно исечкјате ја, а исто така и лукот исечкајте го што поситно. Во подлабок сад ставете ги сланината и лукот, па додајте сирење, павлака и лута пиперка (по вкус). Посолете и добро промешајте. Послужете со потпечен леб, крекери или како салата. Следи постапката за третиот рецепт:

„селски намаз“ – рецепт 2




ПОСТАПКА за рецепт 3: путерот исечете го на листови, оставете го на собна температура малку да омекне, па пенасто изматете го со виљушка додека да стане кремаст. Додајте изронета фета сирење и кисела павлака.




Добро изматете додека да се соединат состојките. По желба посолето ако сирењето не било доволно солено. Послужете со ќебапи, мачкајте на леб или со што сакате. Ако кајмалкот сакате да биде помек, додајте повече кисела павлака.




ПОСТАПКА за рецепт 4: Јогуртот помешајте го со солта. Ставете ја цедалката врз некој сад, па врз неа раширете ја газата. Врз газата истресете го јогуртот, па газата добро стегнете ја и врзете ја со чвор.




Обеcете ја на решетка во фрижидерот или пак на лажица преку длабок сад и оставете вака да се цеди висејќи цели два дена во фрижидерот. После два дена од добиената смеса правете мали топчиња кои можете да ги валате во ситно сечкани зачински билки по избор, разни зачини, ситно сечкан лук или кромид, разни печени семки, сусам, ореви..

Или пак, можете да ги маринирате во маслиново масло со додаток од гранче свеж рузмарин, чешниња лук, па дури и феферони за пикантен вкус. Имаат рок и до две седмици ако се чуваат во масло, во фрижидер. / Сооlinarika.сom