Овој рецепт го научив од главниот готвач на ресторанот каде што работев како келнер. Иако ми ја откри неговата „готварска тајна“, после долги години одлучив јавно да го откријам рецептот.
Жена ми е воодушевена и сака секој ден да и го готвам ова јадење. Можеби ќе ви се чини дека е најобично јадење со месо, но неодоливоот вкус се должи на посебниот сос кој всушност е тајната на овој рецепт. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг свинска кртина (месото да биде исечено на шницли), сол и црн пипер по вкус, 5 големи компири, вода, 1 главица кромид, масло, 100 г кашкавал, 3 супени лажици цврст јогурт/кисела павлака, 2 лажици мајонез, 1 мала лажичка сенф
ЗА САЛАТА (сите состојки ситно исечкјате ги и помешајте ги): 1 краставица, 3 тврдо варени јајца, свеж магдонос, една рака маслинки, 80 г пченка во зрно, 1 лажица кисела павлака/цврст јогурт, 1 мала лажичка мајонез, сол по вкус
ПОСТАПКА: Месото исечете го на тенки шницли, па секое парче наредете го едно до друго врз дебела дрвена даска. Покријте ги со кеса или проѕирна-стреч фолија, па истенчете ги со спрецијален чекан за месо.
Потоа посолете ги и запиперете ги по вкус. Свртете ги од другата страна, повторно прекријте ги со фолијата и повторете ја постапката, истенчете ги со чекан и зачинете ги. Вака сработеното месо повторно прекријте го и оставете го да одмори 20 минути во фрижидер за да ги впие зачините.
За тоа време измијте ги и излупете ги компирите, па изрендајте ги на крупната страна од рендето. Ренданиот компир веднаш ставете го во сад со ладна вода за да не потемне и да се испере од вишокот скроб.
Кромидот исечете го на тенки полупрстени, а компирот процедете го низ цедалка. Истискајте го добро за да излезе сета вода од него. Со малку масло намастете огноотпорен сад со средна големина (на дното и страните).
Добро истисканиот компир (низ раце) распоредете го на дното од садот (сето да се покрие), а потоа со лажица или шпатула притиснете го да се формира слој. Врз компирот распоредете ги раслоените полупрстени кромид. Посолете и запиперете по вкус.
Извадете го месото од фрижидер и наредете го врз кромидот. Во посебен сад изрендајте 100 г кашкавал, па додајте три супени лажици цврст јогурт или кисела павлака, две лажици мајонез и една полна мала лажичка сенф (француски или каков имате). Добро измешајте ги сите состојки, а добиената смеса распоредете ја рамномерно врз месото.
Покријте прво со хартија за печење (малку навлажнета за да може да се прилепи за садот), а одозгора обложете алу-фолија. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, 20 минути. Потоа тргнете ја фолија и допечете уште 20-тина минути. Додека се пече месото направете ја салатата. Деталите погледнете ги ОВДЕ.