Пробајте го овој мраморен колач со портокал кој сигурно ќе ве воодушеви, не само со вкусот, туку и со едноставноста на приготвувањето. Една од омилените комбинации е секако чоколадото со портокалот, а во овој рецепт состојките се совршено избалансирани. За оние што се љубители на вишните и нивниот вкус, имаме и втор предлог. Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 (мраморен колач со портокал) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г путер или маргарин, 4 јајца, 200 г шеќер, 1 мала лажичка ванилин екстракт, 120 г јогурт, 240 г брашно (половина остро, половина меко), 2 мали лажички прашок за печиво (1 кесичка, 10 г), прстофат сол. За темниот дел: 10 г какао во прав, 2 супени лажици врела вода. За светлиот дел: 60 мл сок од портокал, 3 мали лажички рендана кора од портокал
РЕЦЕПТ 2 (мраморен колач со вишни) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 150 мл сончогледово масло, 4 јајца (одвоени белки и жолчки), 6.5 лажици кристал шеќер (овојте 3,5 лажици во една чаша, а остатокот во друга), 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), 1 лимонов шеќер (10 г), 150 мл млеко, 200 г остро брашно, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 2 лажици какао во прав, 250 г замрзнати вишни или од компот.
ПОСТАПКА за рецепт 1: Путерот исечете го на коцки и оставете го да омекне на собна температура. Потоа додајте го шеќерот и ванилата (по вкус), па добро изматете со миксер додека да добиете кремаста структура.
Кога путерот ќе стане мазен и може лесно да се мачка, во него започнете да ги додавате јајцата, едно по едно. Додајте едно јајце и матете со миксерот додека целосно да се инкорпорира во путерот.
Потоа додајте го второто јајце, па повторно матете додека и тоа да се инкорпорира. на истиот начин додајте ги и преостанатите јајца, а кога ќе го иматите и четвртото јајце, треба да добиете бујна кремаста смеса.
На ред е јогуртот кој може да биде течен или цврст, а како замена може да употребите и кисела павлака или кисело млеко. Додајте една лажичка ванилин екстракт и повторно изматете додека состојките да се изедначат.
Во посебен сад измешајте ги сувите состојки: 120 г меко брашно, 120 г остро брашно, прстофат сол и една кесичка прашок за печиво (10 г). Започнете постепено да ги додавате сувите состојки во влажните, најдобро во два наврати. Изматете со миксер додека да добиете хомогена смеса.
Добиената смеса поделете ја на два дела. Во едниот дел додајте сок и рендана кора од портокал, па промешајте, а зо вториот дел кој треба да биде темен, какото во прав помешајте го со малку врела вода и додајте го во тестото, па промешајте до изедначување.
Класичен калап за леб/ролат (долгнавест, тесен и длабок) обложете го со хартија за печење, па започнете во него да ја ставате смесата на следниот начин: лажица бела, па лажица темна смеса и сè така наизменично додека да се потроши материјалот (врз белите делови одозгора редете темни, за да се добие што поголема шареноликост, односно мраморен ефект).
Потоа со нож или чепкалка направете спирални линии за да се измешаат дополнително смесите, потоа потчукнете го калапот од маса за да се израмни и да излезат евентуалните воздушни меурчиња и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 170 степени, 35-40 минути или проверете со чепкалка.
Кога малку ќе се подизлади извадете го од калапот и оставете да се доизлади, па сечете го и послужете го. Деталите погледнете ги ОВДЕ, а постапката за мраморниот колач со вишни (вториот рецепт) прочитајте го ОВДЕ.