Home Рецепти Кифли (соленки) меки како душа, најубавите што сум ги јадела

Кифли (соленки) меки како душа, најубавите што сум ги јадела

Некои ги нарекуваат и Кубанки зошто личат на пури. Многу се вкусни, излегуваат доста, на децата им се омилени.

Потребни состојки:

500 мл млеко
1 лажица шеќер
2 лажици сув квасец
1,5 лажичка сол
200 мл масло
950 г брашно

За премачкување:

1 жолчка
1 лажица масло
1 лажица млеко
сусам
3 лажици брашно
1 лажичка сол
вода

Постапка:

Во млако млеко ставете лажица шеќер и две лажици сув квасец и оставете околу 5 минути да се активира. Потоа додадете масло, сол и брашно. Замесете тесто и оставете да надојде.

Надојденото тесто поделете го на 24 топчиња. Секое топче тенко развлечете го во елипсовидна форма, па накосо свиткајте ја соленката како пура. Истото направете го и со другите топчиња.

Редете ги на плех обложен со хартија за печење. Изматете една жолчка, 1 лажица масло, 1 лажица млеко, премачкајте ги кифличките, наросете со сусам и оставете да киснат околу 30 минути.

Во еден сад ставете 3 лажици брашно, 1 лажичка сол и додадете вода за да добиете тесто густо како јогурт.

<

Кифличките печете ги на 180 степени, па кога ќе пожолтат шарајте ги со мешавината која претходно сте ја ставиле во шприц за украсување торти и колачи. Вратете во рерна и допечете.