Рецептот на Валентина Машковиќ за потпржени компири пријатно ме изненади и оттогаш само на тој начин ги подготвувам. Кога и да дојдат роднини или пријатели на гости, овие компирчиња редовно ги послужувам и оттогаш сите ме нарекуваат „мајстор за компири“. Подгответе ги овие компири на необичен начин, за кој можеби не сте слушнале досега.




Многу се вкусни и брзо се подготвуваат, па ако сакате да ги направите за многу кратко време, придгответе ги според овој рецепт. Иако може да се употреби секаков компир, сепак за овој рецепт најдобро е да се користат млади компирчиња. Сите ги обожаваат бидејќи се мали, не треба да се лупат и кога ќе се испечат и испржат излегуваат многу покрцкави од обичните компири.




За овој рецепт освен 1 кг млади компири, сол, вода и масло, друго ништо не ви е потребно. ПОСТАПКА: Младите компири ставете ги да се исперат во подлабок сад во кој сте ставиле вода. Оставете да отстојат некое време (30-тина минути), па потоа сменете ја водата и оставете ги да отстојат уште малку. Сосе третата вода кога ќе бидат измиени префрлете ги компирите во подлабоко тавче или тенџере на рингла, вклучена на средна кон висока температура.




Во тавчето/тенџерето додајте малку сол (1-2 лажици). Почекајте водата да зоврие, а тавчето/тенџерето покријте го со соодветен капак. Кога водате ќе зоврие, компирите се оставаат уште малку да се обарат, околу 5-6 минути. По изминатото време проверете дали омекнале во внатрешноста. Тоа може да го направите со виљушка, доколку лесно се пробие низ компирот, тогаш се подготвени да ги извадите од водата.




Сепак, сѐ зависи од големината на компирите. Обично младите компири се сите мали, па приближно тоа е времето на обарување, но во случај, да ви се најдат поголеми, може ќе треба уште некоја минута за да омекнат, но не и целосно да се сварат, бидејќи при дополнителното готвење можат да се распаднат.




Потоа тргнете го тенџерето од рингла и процедете ја водата од компирите. По процедувањето, во едно тавче на рингла ставете масло за пржење и уште пред да се загрее, наредете ги компирите во тавчето. Масло ставете до половина на тавчето. Не додавајте сол при пржењето, за да не ви се лепи на дното, можете на крај при дегустирање да додадете и други зачини.




Пржете ги компирите уште 2-5 минути со повремено промешување и превртување, додека да фатат коричка и да потемнат. Коричката станува крцкава и се прави за кратко време. Процедете ги од маслото со помош на кујнска шпатула со празнини или решеткава лажица.

Компирите оставете да се оладат и по желба зачинете ги или послужете ги со некој вкусен сос. Еден килограм компири се пржат во две тури. Не го пропуштајте ниту вториот рецепт, кој можеби ќе ви се допадне уште повеќе од претходниот:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 1-2 кг млад компир, сол, црн пипер, вегета, малку масло, 2 лажици путер/ маргарин, сусам по желба, малку сув магдонос (може и без него). ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Компирот сварете го заедно со лушпата (внимавајте да не се превари).




Тргнете од оган, исцедете и додајте ладна вода за побрзо да излади. Излупете го компирот и ставете го во огноотпорен сад во кој сте ставиле масло и путер. Додајте зачини и сусам. Промешајте добро и печете на 250 степени додека компирот да добие убава боја. На крај доколку сакате, одозгора наросете со сув магдонос. Следи и третиот рецепт, па одберете кој најмногу ви се допаѓа:

ТРЕТ РЕЦЕПТ

ПOTРЕБНИ СОСТОЈКИ (ТРЕТ РЕЦЕПТ): сол, црн пипер, лук во прав, магдонос во прав (сув па мелен), мајчина душичка или рузмарин, 1-2 лажици масло, компири по желба. ПОСТАПКА ЗА ТРЕТИОТ РЕЦЕПТ: Компирот измијте го, излупете го и исечкајте го.




Додајте малку масло колку да се обложат компирите. Потоа додајте ги зачините (една лажичка сол, малку лук во прав, црвен пипер во прав, 1/2 лажичка куркума во прав и чили во прав) или по желба додајте она што сакате, измешајте добро, па распоредете врз хартија за печење.

Печете во загреана рерна на 220 степени, 40-тина минути или додека убаво да заруменат за да добијат убава коричка. После тоа ќе добиете крцкав и вкусен помфрит речиси „без капка“ масло, или со минимално употребено масло. Деталите од целата постапка за првиот рецепт може да ги погледнете ОВДЕ, а за третиот рецепт ОВДЕ.