Тирамису топчињата се неодолива мешавина од мелени кекси (пишкоти), кремасто сирење-маскарпоне и малку кафе, па валани во какао во прав. Тие имаат вкус исто како оригиналниот колач со називот Тирамису, само во форма со големина на залак. Постојат неколку верзии за приготвување на овие слатки топчиња со неодолив вкус, но главните состојки се исти.

рецепт 1




Најдобриот дел е што кога ќе ги гризнете, најпрво го чувствувате вкусот на какаото во прав може да биде со малку горчлива арома, но како понатаму продолжувате да јадете, го вкусувате совршениот спој на слатко кремастото маскарпоне, мелените пишкоти и кафената нота. Доколку не ја сакате премногу оваа комбинација, наместо да ги валате во какао во прав, топчињата едноставно потопете ги во чоколадна глазура. Еве што ви е потребно:




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 180 г темно чоколадо, 180 мл врело црно кафе, 24 пишкоти сомелени, 1 мала лажичка еспресо кафе во прав (или 1 лажичка обично кафе), 220 г маскарпоне или друго крем сирење, 180 г темно чоколадо + 1 лажица масло

рецепт 2

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г пишкоти мелени, 50 мл еспресо кафе, 120 г маскарпоне или друго крем сирење, 2 кесички ванилин шеќер, 20 мл сок по желба, 50 г мелени бадеми, по желба какао во прав или чоколадни трошки за валање

рецепт 3

РЕЦЕПТ 3 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 12 мелени пишкоти, 2 супени лажици шеќер, половина чаша (од 250 мл) маскарпоне или некое друго крем сирење, 1 супан лажица сварено еспресо. За глазура: 200 г чоколадо, 1 лажица капучино во прав, 1 лажица масло




ПОСТАПКА за рецепт 1: Во подлабок сад ставете го чоколадото искршено на коцки, па прелијте го со врело кафе. Мешајте додека смесата да се изедначи, а чоколадото целосно да се растопи. Во друг сад ставете ги мелените пишкоти и кафето во прав, па промешајте.




Додајте го растопеното чоколадо и маскарпоне крем сирењето, па измешајте ја целата смесата додека да се изедначи. Смесата е малку леплива, но таква треба да биде. Ако сакате, може да ја оставите во фрижидер 10 минути, па потоа да ги обликувате топчињата.

рецепт 3




Земајте од смесата и со дланките обликувајте топчиња, па редете ги во обложена тепсија. Оставете ги во фрижидер 30-60 минути да се оладат и стврднат. Ако сакате можете да ги ставите и во замрзнувач 15 минути, па потоа да ги прелиете со чоколадна глазура, доколку се брзате.




Растопете го чоколадото со масло, а потоа едно по едно топче натопувајте ги во чоколадото. наросете ги со какао во прав, цимет, мелени пишкоти или само едноставно прелијте ги со чоколадна глазура. Оставете ги во фрижидер барем уште половина час пред послужување. Следи постапката за вториот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 2: Во мелените пишкоти додајте кафе и сок, па промешајте. Оставете ги да отстојат 5 минути, па додајте им ги сите преостанати состојки. Добро со рака измешајте за да се изедначи смесата. Обликувајте топчиња со големина по ваша желба, па валајте ги во какао или чоколадни трошки. До употреба се чуваат на ладно. Следи постапката за третиот рецепт:

рецепт 3




ПОСТАПКА за рецепт 3: сомелете ги пишкотите и веднаш одвојте две лажици за подоцна. Остатокот сипете го во еден подлабок сад и додајте шеќер, па промешајте. Маскарпонето малку разматете го со виљушка, па додајте го и него во мелените кекси. Водете сметка смесата да не биде премногу густа, ниту премногу ретка.




По потреба оставете ја смесата малку да одмори во фрижидер, но не мора. Обликувајте топчиња со приближна тежина од 16-17 г, па редете ги во обложен плех и оставете ги кратко во фрижидер (15-тина минути).




Чоколадото со кафето и маслото растопете го на пареа или во микробранова печка. Топчињата натопувајте ги во чоколадото и редете ги на хартија. Кога малку ќе се стврдне чоколадото одозгора наросете мелени пишкоти (оние 2 лажици што ги тргнавте настрана). Ставете ги во замрзнувач 5-10 минути. / Coolinarika