Ова е една класична торта приготвена според старите рецепти, кремаста и многу вкусна. Не е од оние кои се подготвуваат за пет или петнаесет минути, но сепак не е ниту премногу комплицирана за правење. Еве што ви е потребно според рецептот на Јелица Цветиќ:

ТЕОДОРА ТОРТА фото и рецепт: Јелица Цветиќ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за бисквит): 8 јајца, 8 лажици шеќер, 12 супени лажици мелени ореви, 4 супени лажици лебни трошки/презла, 2 ребра чоколадо за готвење (40 г). ЗА ФИЛ: 500 мл млеко, 1 кесичка пудинг од чоколадо, 3 јајца, 250 г шеќер во пртав, 100 г чоколадо за готвење, 5 лажици мелени ореви, 250 г маргарин. За декорација: 200 мл слатка павлака + 50 г чоколадо




ПОСТАПКА за подготовка на бисквитот: Во посебно одделете ги жолчките и белките од 8 јајца, малку отстојани на собна температура. Белките пенасто изматете ги во цврст снег кој не паѓа од садот, па кратко оставете ги во фрижидер додека ги изматите жолчките.




ТЕОДОРА ТОРТА фото и рецепт: Јелица Цветиќ

Во жолчките додајте осум лажици шеќер, па пенасто изматете ги со миксерот додека шеќерот да се растопи и да згусне смесата. Потоа додајте 12 лажици мелени ореви, 4 лажици ситно мелени лебни трошки и рендано чоколадо (40 г).




На крај постепено додавајте го снегот од белки, лажица по лажица додека мешате споро со лажица или кујнска шпатула превртувајќи ја смесата од долу негоре. На тој начин таа ќе остане воздушеста и пенлива.

ТЕОДОРА ТОРТА фото и рецепт: Јелица Цветиќ




Смесата излејте ја во плехот од рерна (или во калап за торти), претходно намастен и наросен со брашно, распоредете рамномерно и израмнете, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени додека малку да зарумени (проверете со чепкалка). Изладениот бисквит пресечете го на два дела.




ЗА ФИЛ: Од 500 мл млеко одземете малку, а остатокот ставете го да се вари. Во одвоеното млеко додајте ги претходно изматените јајца со прашокот за пудинг со вкус на ванила, па штом зоврие млекото, намалете ја температурата и полека додајте ја разматената смеса.




Варете го кремот на ниска температура со непрекинато мешање додека да ја постигне посакуваната температура. Додека е сè уште врело додајте чоколадо искршено на коцки, па мешајте додека тоа да се растопи и инкорпорира.

ТЕОДОРА ТОРТА фото и рецепт: Јелица Цветиќ




Сварениот крем претурете го во некој друг сад и оставете да се олади до собна температура со повремено промешување за да не фати коричка на површината (или покријте го со проѕирна-стреч фолија).




Путерот исечкајте го на листови и оставете го да омекне на истата собна температура, па пенасто изматете го со шеќерот во прав додека да стане кремаст. Во него започнете постепено да го додавате оладениот крем, лажица по лажица и матете со миксерот додека целосно да се соединат во нежен, свиленкаст крем.




На крај додајте ги мелените опреви и сето добро соединете го. Редење: кора, фил, кора и целата торта премачкјате ја со фил. Изматете слатка павлака како шлаг, па додајте растопено чоколадо и декорирајте ја тортата. / Јелица Цветиќ