Потребни состојки:

250 мл газирана вода

1 лажица сув квасец

2 лажици шеќер

250 мл масло

600 г брашно

За фил од мак:

250 г мелен мак

125 г шеќер во прав

150 г џем од сливи

За фил од ореви:

250 г мелени ореви

125 г шеќер во прав

150 г џем од кајсија

За премачкување:

Џем од кајсии

Мелени ореви

Постапка:

Во 250 мл млака газирана вода ставете лажичка сув квасец, да се активира околу 5 минути. Додадете 2 лажици шеќер, 250 мл масло и брашно. Замесете го тестото, добро изработете го па поделете го на 3 дела.

Измешајте 250 г мелен мак со 125 г шеќер во прав.

Првиот дел од тестото развлечете го и ставете го во подмачкан плех за печење со величина 20х35 см, преку него премачкајте со 150 г џем од сливи и распоредете мешавина од мак и шеќер.

Одозгора ставете ја втората кора, па премачкајте со џем од кајсии и преку наросете со мешавина од мелени ореви и шеќер.

Развлечете ја третата кора и ставете ја одозгора. Оставете да кисне 30 минути, на неколку места избоцкајте до дното со чепкалка и печете на 180 степени околу 30 минути.

Печената пита превртете ја на чинија за послужување, така што слојот од мелен мак ќе биде најгоре. Уште додека е топла премачкајте ја со џем од кајсии и наросете мелени ореви.