Комбинацијата од банани и ладен пудинг од ванила е секогаш одлична и добредојдена. Ова е еден стар рецепт од нашите баби, па некаде може да го сретнете и под називот „Невеста“, а доколку ствите и малку рум во бисквитот, тогаш е „Пијана Невеста“. Еве што ви е потребно според рецептот на Валентина:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 јајца, 6 супени лажици брашно, 6 супени лажици шеќер, 1/2 кесичка прашок за печиво (5 г), сосем малку масло (1-2 супени лажици), 3 супени лажици какао во прав, 100 мл млеко.
ПРЕЛИВ ЗА БИСКВИТОТ: 100 мл млеко, 3 супени лажици рум. ЗА КРЕМ: 3 кесички пудинг со вкус на ванила (120 г), 1 литар млеко, 150 г путер или маргарин, 6 супени лажици шеќер. И уште: 250 мл слатка павлака и банани колку што сакате (колку повеќе, толку подобро)
ПОСТАПКА: Во посебни садови одвојте ги белките од жолчките. Шеќерот додајте го жолчките па започнете да ги матите со миксер сè додека тој да се растопи и да добиете густа, кремаста смеса. Потоа додајте пеосеано брашно помешано со прашок за печиво.
Намалете ја брзината на миксерот, па додека непрекинато матите постепено започнете да ги додавате и останатите состојки, како млекото и маслото, а на крај додајте го и какаото во прав. Смесата треба да биде кремаста и да нема грутчиња.
Во посебен сад пенасто изматете ги белките. Садот и маталките треба да бидат чисти и суви пред да започнете да ги матите. После 5-7 минути кога ќе добиете цврст снег кој не паѓа од лажицата, започнете постепено да го додавате во тестото од жолчки.
Овојпат не ви е потребен миксер, туку белките вмешајте ги во тестото со помош на лажица или шпатула, со бавни движења за да се сочува пенливоста на смесата. Потоа излејте ја во намастен и набрашнет плах (или обложен со хартија за печење).
Распоредете рамномерно, израмнете, па ставете да се пече во претходно добро загреана рерна на 180 степени, приближно 20 минути. Проверете со дрвена чепкалка кога е готово. Топлиот бисквит прелијте го со зоврпено млеко во кое сте додале рум.
Најдобро е да го залевате со лажица за да се распореди рамномерно. Оставете го бисквитот целосно да се олади, а потоа преку целата површина наредете банани. Тоа може да бидат тркалца или пак банани пресечени на половина, или пак целосни, само излупени.
Од вкупното млеко одвојте малку за разматување на прашокот за пудинг, а остатокот заедно со шеќерот ставете го на оган да зоврие. намалете ја температурата па во врелото млеко додајте го разматениот пудинг и продолжете со варење додека да згусне, со непрекинато мешање.
Сварениот пудинг тргнете го настрана и оставете го да се олади со повремено промешување за да не фати коричка или пак, покријте го со проѕирна-стреч фолија. Путерот исто така оставете го да омекне на собна температура.
Кога пудингот и путерот ќе достигнат иста собна температура, пенасто изматете ги и соединете ги. Добиениот крем излејте го преку бананите и оставете во фрижидер да се стегне. После тоа изматете ја слатката павлака како шлаг и нанесете го одозгора. Дополнително можете да декорирате со растопено или изрендано чоколадо. /Сооlinarika.сom