Вкусен колач кој се топи во уста, по рецептот на Амина Хусиќ. Овој колач порано беше најпродаван во слаткарниците, се продаваше прв. Запишете си го рецептот и подгответе го најкремастиот колач кој отсега ќе ви биде број еден на вашата трпеза. Содржи неколку кремасти слоеви, ќе се уверите зошто е најдобар. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 4 лажици шеќер, 5 лажици брашно, 2 лажици вода, 50 мл масло, 1 лажица какао, 1 кесичка прашок за печиво, 250 мл кафе или чоколадно млеко. ЗА ЖОЛТ КРЕМ ОД ВАНИЛА: 4 жолчки, 1 лажица шеќер, 300 мл млеко, 5 лажици брашно, 100 г маргарин/путер, 3 лажици шеќер во прав, 2 кесички ванилин шеќер.




ЗА БЕЛИОТ ДЕЛ ЌЕ ВИ БИДЕ ПОТРЕБНО: 4 белки, 7 лажици шеќер, 4 лажици вода. ЗА ГЛАЗУРА: 100 г чоколадо, 3 лажици масло. ПОСТАПКА: Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Плех со величина 30х20 см обложете го со хартија за печење. За кората ви се потребни 4 јајца од кои се одвојуваат белките и жолчките.




Во жолчките додајте 4 лажици шеќер и изматете со миксер додека смесата да побели. Потоа се додаваат 2 лажици вода, па се мати уште една минута и потоа 50 мл масло и се мати уште минута до две. Во смесата од жолчки се додава просеани 5 лажици брашно, 1 супена лажица какако и 1 прашок за печиво. Повторно се мати со миксер додека да се изедначи смесата.




Белките изматете ги во цврст снег, па соединете ги со смесата од жолчки. Мешајте со лажица и откако ќе се соедини, смесата се излева во приготвениот плех. Печете во загреана рерна на 200 степени и веднаш намалете на 180 степени, за кората да не ви загори.




Печената кора пресечете ја на половина за да добиете две еднакви кори. Корите прелијте ги со изладено кафе, секоја со по 125 мл (топла кора со ладно кафе, се полева лажица по лажица), а потоа започнете со подготовка на жолтиот крем.




ПОСТАПКА ЗА ЖОЛТ КРЕМ: Во четири жолчки додајте една лажица шеќер и изматете со миксер. Потоа додајте просеани 5 лажици брашно, 2 кесички ванилин шеќер и убаво промешајте за да се соединат. Додајте малку млеко од вкупно 300 мл, а остатокот ставете го на оган да зоврие.




Потоа сварете го кремот исто како пудинг со постојано мешање додека да згусне. Се готви на пареа или на многу тивок оган. Сварениот крем покријте го со проѕирна фолија и оставете да излади. Потоа изматете 100 г путер со 3 лажици шеќер во прав и соединете го со кремот.




Кремот нанесете го врз првата кора, па одозгора поклопете со втората кора. ЗА БЕЛИОТ КРЕМ: Ова е највкусниот воздушест слој од целиот колач. Водата и шеќерот ставете ги да се варат додека да се стопи шеќерот и да врие 2 минути. Белките се матат во цврст снег, а потоа во тенок млаз се додава врелиот сируп.




Се мати постојано со миксер додека се додава сирупот. Сјајниот бел крем се нанесува врз втората кора и колачот се става во фрижидер да излади. На крајот подгответе ја глазурата и прелијте ја врз колачот.

ЗА ГЛАЗУРАТА: Чоколадото со маслото се растопува на многу тивок тивок и се полева врз колачот. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.