Потребни состојки:

600 г бисквити

400 г шлаг крем

200 г шеќер во прав

250 г путер/маргарин

1 литар млеко

3 пудинзи со вкус на карамела (или ванила)

400 мл кисела вода

6 лажици шеќер

Постапка:

На класичен начин сварете го пудингот во млеко со 6 лажици шеќер. Оставете да излади со повремено мешање за да не се создаде кора. Во изладениот пудинг додадете пенесто изматен путер со шеќер во прав.

Шлаг кремот изматете го со кисела вода. На чинија за сервирање наредете ред бисквити (4х5 парчиња), премачкајте со пудинг, па со шлаг и така продолжете 6 пати. И задниот слој бисквити се премачкува со пудинг и шлаг. Тортата дополнително декорирајте ја по ваш вкус.

Бисквитите нема потреба да ги натопувате. Тортата направете ја еден ден порано за да може бисквитите да омекнат од кремот.

Иако е многу кремаста, неверојатно е стабилна и многу убаво се сече.

Испробана е и нејзина верзија со 4 пудинзи кои се варат во 1,5 литар млеко, па кога ќе излади се додава изматен путер со шеќер во прав и уште 150 г крупно сечени лешници. Сето останато е исто.

И оваа верзија е многу вкусна.