Празниците се вистинското време кога секоја домаќинка може да ја покаже својата креативност, како во украсувањето на домот, но така и во декорирањето на празничната трпеза. Новата година и Божик ни носат безброј можности за аранжирање на предјадењата, главните јадења и десертите.

рецепт 1




Овојпат, специјално за читателите на НМД издвојуваме два одлични рецепти, едниот за приготвување на пикешка салата со варени јајца, во облик на елка, и вториот рецепт, за многу вкусна пита, исто така со облик на елка. Еве што ви е потребно:

рецепт 2




РЕЦЕПТ 1 (пилешка салата) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 краставица, 2-3 млади кромитчиња, 100 г кашкавал, 1 парче бело месо, 1 китка свеж магдонос, 3 варени јајца, мајонез по потреба, зрна од калинка за декорација

РЕЦЕПТ 2 (пита елка) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 20 г свеж квасец (1/2 коцка), 200 мл млако млеко, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка сол, 100 г кисело млеко (на собна температура), 3 јајца (1 жолчка е за премачкување), 3 лажици масло и 700-800 г брашно.

Тесто за украсни снегулки: 1 лажица сол, 1 лажица нишесте (скроб), 3 лажици брашно и малку вода за потврдо тесто. За премачкување: 1 жолчка, 2 лажици масло, 2 лажици млеко. За наросување: црн сусам/ким/чиа семе. За премачкување на кората: 50 г омекнат путер со малку шарена сол.




ПОСТАПКА за рецепт 1: Краставицата исечкјате ја на што поситни коцкички. Додајте сечкан млад кромид, рендан кашкавал (или сирење), ситно сечкано месо (претхпдно сварено или испечено), како и рендани варени јајца.




Посолете и запиперете по вкус, па започнете постепено да додавате мајонез и мешајте за да се соединат состојките во компактна смеса. Потоа, земајте по малку пд смесата, обликувајте купи-елки, па валајте ги во ситно сечкана мирудија/копар/магдонос. Елките редете ги врз крекер и декорирајте со семки од калинка. Еве ја постапката за питата:




ПОСТАПКА за рецепт 2: Замесете тесто исто како за леб, а потоа поделете го на два дела. Покријте го и оставете го топла просторија да стасува 40-60 минути додека убаво да ферментира, додека да го удвои волуменот. Потоа развлечете две правоаголни кори со еднаква големина.




Едната кора премачкајте ја преку цела површина со омекнат путер, па по желба наросете шарена сол. Втората кора преклопете ја врз првата, па сечете тенки ленти со широчина од 5 см. Секоја лента свиткајте ја спирално како за влашка пита (со опфаќање за двата краја).




Вака свитканите лентички наредете ги по големина во вид на елка, започнувајќи од најдолгата која треба да биде основа (или пак започнете од самиот врв, па постепено градете ја елката од тесто). Покријте ја со кеса и оставете да стасува 40 минути.




Премачкјате ја со изматена жолчка и 1-2 лажица млеко. Од наведените состојки за белото тесто замесете комапктна смеса, па од неа со помош на кашал или рачно исечете снегулки и украсете ја елката. Со црн ким наросете го стебленцето на елката. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 170 степени додека да зарумени.