Месните ролати одамна се многу популарни низ целиот свет, а нивната популарност го достигна врвот кога сопругата на Ричард Никсон во едно интервју откри дека токму овој ролат му е омилениот на поранешниот претседател и му го подготвува барем еднаш месечно.
Оттогаш месните ролати се подготвуваат ширум светот, не само поради едноставната подготовка, туку и поради фантастичниот вкус. Одличен предлог е и доколку сакате на празнична трпеза наместо обично печено месо, да послужите нешто вкусно и многу сочно.

![]()
![]()
![]()
![]()
Доколку сте љубители на пикантна храна, тогаш задолжително пробајте го овој рецепт, бидејќи покрај лутата пиперка, кон крајот на печењето обилно се посипува и со црн пипер. Еве што ви е потребно за да го подготвите:
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 главици црвен кромид, малку маслиново масло, 1 лута пиперка, 650 г свинско месо, 50 г пармезан кашкавал или обичен кашкавал кој лесно се растегнува, 2 јајца, 3 лажици лебни трошки/презла, малку сечкан магдонос.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Излупете ги главиците кромид и исечкајте ги прво на прстени, па после на ситни коцки. Потоа, лутата пиперка исечкајте ја на коцки, па извадете ги семките и дршката. На малку масло пропржете го кромидот на средна температура, за да не ви загори.

![]()
![]()
![]()
![]()
Кога ќе омекне кромидот, додајте ја исечканата лута пиперка. Со повремено мешање, гответе уште сосем кратко, пред кромидот да почне да се карамелизира. Тргнете го филот настрана и оставете да се олади. Во меѓувреме подгответе ги состојките за месото.





Свинските шницли (отприлика 2-3) исечете ги на коцки, па ставете ги во блендер да се изблендираат како паста. Во сомелената паста додајте го пропржениот кромид со пиперката и маслото. Изблендирајте ги состојките накратко, додека да се соединат.

![]()
![]()
![]()
![]()

Во пастата додајте рендан пармезан, јајцата, презлата и сечканиот магдонос. На крајот зачинете ги состојките со сол и црн пипер, по вкус. Добро соединете. Во долгнавеста тава ставете хартија за печење и добро подмачкајте ја со масло.

![]()
![]()
![]()
![]()

Истурете ја смесата на неколку наврати и израмнете со шпатула. Потребно е да користите помала тава, за ролатот да изгледа повисок. Ставете го ролатот да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 45 минути.

Извадете го месото од калапот и превртете го на обложен плех со хартија за печење и премачкајте со масло и многу црн пипер. Вратете го во рерна на 200 степени, уште 10 минути. Црниот пипер ќе помогне месото да фати коричка одозгора и ќе биде многу вкусно. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.











