Направете си ги овие полнети посни пиперки. Јадењето има одличен вкус, штом еднаш ќе ги направите, ќе ги сакате и нареден пат. Ако одберете убав грав за овие пиперки, резултатот со сигурност ќе биде воодушевувачки. Рецептот на Валентина не може да ве разочара, како што вели таа, испробан е многупати и се прави едноставно.
Во филот се става само грав, а доколку сакате може да додадете и зеленчук по вкус. Некои сакаат да си додаваат морковчиња, пиперки, ориз, праз итн.., но навистина нема потреба бидејќи овие полнети пиперки се убави сами по себе. Еве што ви е потребно:

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 800 г-1 кг грав, 1 главица лук, 2 литри вода, 3-4 главици кромид (400-500 г), 1-2 лажици брашно, сол, сув зачин, зачински црвен пипер во прав, црн пипер, суви пиперки – можете да користите и свежи или кисели пиперки. Време за готвење на гравот од 1 час и 30 минути до 2 часа. За време, на готвењето, по потреба додавајте вода.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Гравот кој ќе го одберете треба да биде квалитетен, да го земете од познат произведувач (да не е мешан ланскиот со овогодинешниот). Закиснете го гравот во вода во едно тенџере и оставете го да отстои преку цела ноќ. Претходно може да го ставите гравот во неколку води, додека да го ставите во третата или четвртата да отстои преку цела вечер.

![]()
![]()
![]()
![]()
Следниот ден, гравот процедете го од водата и ставете го во тенџере. Гравот треба да биде малку набубрен, пред да го ставите на варење. Прелијте го со 1,5 литар или два литри вода и ставете 1 главица лук поделена на чешниња да се вари заедно со гравот. По потреба, додавајте повеќе вода.

![]()
![]()
![]()
![]()
Покријте го тенџерето со капак и гответе го гравот околу 2 часа, на тивко, за да не се распадне и да не му излезат лушпите. По варењето, процедете го од водата во која се готвеше, а неа сочувајте ја за подоцна. Ситно исечкајте го кромидот, а по желба и лукчето. Ставете да се пржи во малку масло, додека да застакли и пред крајот зачинете по вкус, со зачини по ваша желба.






Ставете црвена зачинска пиперка и додајте 2-3 кутлачи вода во лукчето, за да се направи како сос. Кога смесата ќе згусне, тргнете ја од оган и прелијте преку гравот. Измешајте додека да се соедини во сосот и филот да стане кремаст.

![]()
![]()
![]()
![]()

Пиперките сварете ги малку (ако се суви), во зовриена вода околу 15-тина минути, за да може полесно да ги наполните со филот. Може да користите и свежи пиперки или пиперки од туршија. Полнете ги пиперките со филот од грав и редете ги во едно поголемо тенџере.

![]()
![]()
![]()
![]()

Кога ќе го наполните тенџерето, одозгора прелијте со водата во која се вареше гравот. Печете ги пиперките во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 30-тина минути, под капак. Послужете ги топли, а ако ви излегле многу, може да си ги замрзнете за Св. Никола. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.































