„Здраво, денес со вас сакам да споделам еден рецепт на монахињите од манастирот Рукумија. Може да го подготвите во посна или мрсна варијанта, но како и да го подготвите, јадењето е превкусно. Затоа не го пропуштајте овој рецепт, испробајте и со сигурност ќе ви се допадне,“ вели Валентина од истоимениот канал.
![]()
![]()
![]()
![]()
За посна варијанта, изоставете ги потребните состојки од првиот дел и прејдете на подготвување на подварокот, според подолу напишаната постапка. Ручекот нема да ви одземе повеќе од 20 минути подготовка, а потоа се става на печење. Еве што ви е потребно:

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500-700 г мелено месо, 1 главица кромид, 2 јајца, 3 лажици презла, неколку чешниња лук, зачини (сол, суви зачини, црн пипер, магдонос, лук, зачинет црвен пипер. ЗА ПОДВАРОК: 2 главици кромид, 1 морков, 1 помал корен пашканат, 1 пиперка, 2-3 домати, 1/4 зелка, 300 г леќа, 250-300 мл сос од домати, масло за преливање, 2 лажици брашно и 1 лажица зачинета црвена пиперка.

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Исечкајте една главица кромид на поситни коцки и ставете ги во подлабок сад. Одозгора ставете го меленото месо, јас обично користам телешко мелено месо. Скршете две јајца и додајте ги во садот, а потоа ставете 3 лажици презла (гриз), неколку чешниња лук, поминати низ преса и зачини.

![]()
![]()
![]()
![]()
Посолете со 1 лажичка сол, ставете 1/2 лажичка црн пипер, 1-2 лажички црвена зачинска пиперка, сув или свеж магдонос, лук во гранули итн.. Измешајте ја смесата со месо, додека сите состојки да се инкорпорираат и потоа прекријте го садот со проѕирна фолија и ставете го во фрижидер на 1 час, додека смесата да се стегне. За тоа време, почнете да го подготвувате подварокот, а доколку ручекот го подготвувате во посна варијанта, почнете само со негова подготовка.

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОДГОТОВКА НА ПОДВАРОКОТ: Во едно тавче ставете малку масло и вклучете ја ринглата за маслото да се загрее. Во меѓувреме, исечкајте 2 главици кромид на полупрстени и ставете ги во загреаното масло. Исечкајте го морковот на тенки ленти, па на коцки и додајте го во тавчето.





Исечкајте еден помал корен од пашканат и пиперката на ситни коцки, па ставете ги во тавчето и малку промешајте, додека се пржат на тивко. Подгответе ги доматите така што ќе ги исечкате на ситни парчиња, па ќе ги додадете пред крајот, заедно со ситно исечканата зелка.

![]()
![]()
![]()
![]()
Кога состојките ќе се пропржат, додајте ги доматите и зелката и гответе уште неколку минути со повремено мешање, додека течностите да испарат. Зачинете го пржениот зеленчук по вкус, а одозгора прелијте со доматен сос. Малку промешајте, па тргнете од рингла.

![]()
![]()
![]()
![]()
Во едно подлабоко тенџере или поголем лонец на дното ставете ја леќата и фино распоредете ја. Врз леќата наросете неколку ловорови листови, па одозгора излејте го подварокот и распоредете го подеднакво низ тенџерето. Прелијте со 1-1,5 литри вода, додека да се прелијат состојките.

Покријте со капак и ставете на печење во претходно загреана рерна на 200 степени, отприлика 1 час и 10 минути. Доколку правите мрсна варијанта, извадете го меленото месо од фрижифер и формирајте поголеми ќофтиња, со приближно иста големина. Испржете ги ќофтињата на тавче со загреано масло.

По изминатото време, извадете го тенџерето од рерна, а настрана на рингла растопете го путерот со брашното и црвената зачинска пиперка. Излејте преку подварокот и наредете ги ќофтињата од мелено месо (за мрсна варијанта). Покријте со капак и вратете во рерна на печење уште 20-тина минути. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.











