Овие колачиња може да ги послужите на идната слава, роденден или некој друг празник и да заштедите многу. Се прават за 5 минути, а стојат и по 1 седмица, но осигурно ќе ги изедете веднаш зошто премногу се вкусни, а после ќе треба да подготвите нова тура.




Со овие колачи ќе зашттедите доста, зашто од евтини состојки добивате вкусен и обемен десерт. Содржат само 2 состојки, не се става масло, јајца, ниту шеќер, идеални се за секоја пригода и брзо се јадат, бидејќи се мали, лапни-голтни. Во продолжение прочитајте ја постапката:




ПОСТАПКА: Земете 250 г суви смокви, по можност да бидат купени од продавница за здрава храна, во кои со сигурност нема додадени шеќери. Ставете ги смоквите во еден подлабок сад и прелијте ги со врела/топла вода. Покријте го садот со поголема чинија и оставете да се киснат 10-15 минути за да се хидрираат.




Во меѓувреме, земете 200 г печени и излупени кикирики и ставете ги во блендер да се сомелат. За кикириките да бидат подеднакво сомелени и да не остануваат поголеми парчиња, прво блендирајте на најмала брзина и постепено зголемувајте ја, па на тој начин поголемите парчиња ќе паѓаат директно на сечилата.




Кикирики ќе започнат да го избиваат маслото и да стануваат лепливи, па штом забележите дека се добро сомелени, префрлете ги во еден подлабок сад. Сувите смокви процедете ги од водата во која киснеа и малку исушете ги со обична хартија. Исечете ги на четвртини на дрвена даска, за да може полесно да ги сомелете.




Ставете ги и смоквите во блендерот и сомелете ги на ист начин, како и печените кикирики. Кога смоквите ќе добијат малку погуста конзистентност од кикириките, тогаш додајте ги во нив и пополека започнете да мешате со рака или со шпатула.




Формирајте соединета смеса од двете состојки, да бидат подеднакво распределени. За тоа ќе биде потребно да мешате околу 5 минути, бидејќи и двете смеси се малку погусти, па затоа мешањето оди поспоро. Притоа, смесата е блага, бидејќи сувите смокви се благи, но и доволно влажна, да не се лепи на раце.




Од вака подготвената смеса, започнете да црпите со помош на една лажичка (која ќе ви служи како мерка) и да обликувате топчиња, кои треба да ги редите во една чинија. Формирајте ги топчињата по големина по ваша желба. Земете една цедалка за лимон и од внатрешноста која има триаголен облик, обложете пластична фолија.




Секое од топчињата ставајте го во внатрешноста на цедалката и од долната страна натапкувате, за да се израмни смесата. Потоа, со помош на фолијата спуштете го колачето во плех или чинија. Ќе добиете декоративни, слатки мали залаци. На овој начин подгответе ги сите колачиња.

Колачињата може веднаш да ги послужите или да ги ставите во фрижидер малку да се стегнат, но нема потреба. Кој сака, може да ги декорира со малку растопено чоколадо, со линии или да го натопувате само врвот од колачињата во чоколадото. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.