Потребни состојки:

100 мл масло

400 мл вода

Прстофат сол

300 г брашно

½ прашок за печиво

4 јајца

За шербет:

1 кг шеќер

1 литар вода

1/2 лимон (по вкус)

Постапка:

Ставете на оган водата со маслото да зовријат, додадете сол.

Кога ќе зоврие тргнете малку од оган, па додадете го брашното помешано со прашок за печиво, оставете да се излади, па додавајте едно по едно јајце и соединете. Оставете еден час во фрижидер да излади.

Смесата ставете ја во шприц па истиснувајте ги тулумбите на намастен плех, па ставете ги во загреана рерна да се печат на 180 степени, околу 30 минути, но да не се отвора рерната.

Печените и изладени тулумби прелијте ги со ладен шербет.

За шербет: ставете ги состојките на оган, па откако ќе зоврие нека се готви на тивко уште 15 минути.

coolinarika.com