Потребни состојки:
1 карфиол со средна големина
2 моркова
2 црвени пиперки
2 зелени пиперки
4-5 гранки млад кромид
корнишони по вкус
1/2 китка копар
1/2 китка магдонос
1 конзерва пченка (или смрзната па варена)
сок од 1 лимон
1/2 шолја маслиново масло
Постапка:
Карфиолот и морковите варете ги додека да омекнат, најдобро на пареа.
Откако ќе бидат готови, оставете ги да се изладат. Цветовите од карфиолот поделете ги на помали делови.
Сите останати состојки се сечкаат и се мешаат заедно.
На страна, помешајте го сокот од лимон со маслиновото масло и прелијте ја салатата.