Оваа торта е именувана по познатата опера „Риголето“. Љубовна приказна со тpaгичен крај. Тортата е многу вкусна, позната е по кремастиот вкус кој дава одлична текстура. Кремот не е премногу благ, погоден е и за оние кои не сакаат премногу слатки торти и колачи. Еве кои состојки ви се потребни:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КОРА: 7 јајца, 7 лажици шеќер, 7 лажици брашно, 1 лажица какао. ЗА КРЕМ: 500 мл млеко, 2 кесички пудинг од ванила, 10 лажици шеќер (или по вкус), 250 г путер или маргарин, 100 г мелени бадеми.
ПОСТАПКА: Измешајте ги белките со шеќерот додека да се стегнат во цврст снег со миксер. Постепено започнете да ги додавате жолчките и продолжете со матењето додека да се соединат во фина, мазна и еднолична смеса.
Додајте го брашното и какаото и фино измешајте ги состојките со шпатула. После додавање на сувите состојки, смесата се меша со шпатула за да не спласнат белките. Излејте ја кората во плех обложен со хартија за печење и фино измазнете ја, додека рамномерно да се распореди.
Кората се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 20-тина минути, со повремено проверување, бидејќи различно се пече во секоја рерна. Плехот треба да биде приближно со средна големина и кората да биде дебела отприлика околу 2 прста.
По печењето, кората се проверува со чепкалка дали е печена и се остава малку да се олади. Кога ќе се олади, се сече на два еднакви делови, да се добијат две кори. Во меѓувреме се подготвува кремот.
ЗА КРЕМОТ: Се мешаат прашоците од пудингот со шеќерот и се додава малку ладно млеко, одвоено од вкупната количина од 500 мл. Состојките фино се мешаат, а во посебно тенџере на рингла се вари преостанатото млеко.
Кога млекото ќе зоврие, се додава смесата од пудинг, малку млеко и шеќер и се вари на средна температура додека да се згусне во мазен крем. Потоа се трга од рингла и се остава да се олади. Кога кремот ќе биде оладен до собна температура, се соединува со пенасто изматен путер или маргарин, па се додаваат мелените бадеми и сите состојки добро се соединуваат во фин крем.
РЕДЕЊЕ: Врз кората распоредете половина од филот, преклопете ја со втората кора и нанесете го остатокот од филот, па одозгора декорирајте со глазура од чоколадо или може и рендано чоколадо, па послужете. Колачот се сече на коцки. / Сооlinarika.сom