„Лондонски штангли“ се старински колач чиј рецепт се пренесувал од колено на колено, а толку е вкусен што веднаш ќе правите двојна мера. Денес рецептот за овој превкусен колач се чини дека малку е подзаборавн, иако порано често го правеа нашите баби и мајки.
![]()
![]()
![]()
![]()

Многумина го споредуваат со „жербо коцките“ и “даминиот каприц“, а претставува совршен спој од путер-тесто, џем од кајсии и печен шам од белки кој се топи во уста. Ќе ви претставиме три верзии кои се разликуваат во количината и соодносот на состојките, но имаат иста постапка за приготвување. Еве што ви е потребно:

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ – РЕЦЕПТ 1: 140 г путер, 80 г шеќер, 1 јајце, сок и рендана кора од 1 лимон, 245 г сенаменско брашно, 1 кесичка (10 г) прашок за печиво. За фил: 5-6 супени лажици џем од кајсии. За втора кора од белки: 4 белки, 200 г шеќер во прав, 150 г мелени ореви и неколку раце сечкани ореви за одозгора
ВТОРА ВЕРЗИЈА: 150 г путер, 150 г шеќер, 5 жолчки, 300 г брашно, сок и рендана кора од 1 лимон. За фил: 200 г џем од кајсии. За втората кора од белки: 200 г мелени ореви, 5 белки, 250 г шеќер, 50 г сечкани ореви
ТРЕТА ВЕРЗИЈА: 200 г путер/маргарин, 320 г брашно, 4 жолчки, 150 г шеќер, кора од лимон. Фил: џем од кајсии. Кора од белки: 4 белки, 180 г шеќер, 120 г мелени ореви, 80 г сечкани ореви за одозгора
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА за рецепт 1: путерот исечкајте го на коцки и оставете го да омекне на собна температура. Потоа ставете го во некој подлабок сад, додајте го шеќерот и пенасто изматете го со миксер. Потоа додајте едно цело јајце и непрекинато изматете додека да се инкорпорира. (Ако во тестото ги додавате и жолчките, тогаш одземете го јајцето и малку од лимоновиот сок.)

![]()
![]()
![]()
![]()
Потоа додајте сок од еден лимон и ситно рендана кора па продолжете со матење додека да се распореди. Во посебен сад просејте го брашното и помешајте го со прашокот за печиво. Започнете постепено да го додавате во путерот додека непрекинато матите со миксерот.

![]()
![]()
![]()
![]()
Кога смесата ќе згусне, месењето продолжете го рака, или пак сменете ги продолжетоците на миксерот и ставете маталки за тесто. Не додавајте повеќе брашно од наведеното, бидејќи тестото треба да биде меко и лепливо.





Плех со димензија 22 см (со средна величина) намастете го со четка и наросете го со брашно да се обложи на дното и ѕидовите, а вишокот истресете го. Тестото префрлете го во подготвениот плех, а со задниот дел на лажица развлечете го во рамна кора. За полесно работење, лажицата натопувајте ја во ладна вода за да не се лепи тестото.
![]()
![]()
![]()
![]()

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 7-8 минути. За тоа време пенасто изматете 4 белки. Кога ќе добиете цврст шам, започнете постепено да го додавате шеќерот во прав. Треба да добиете густа, растеглива смеса. Додајте ги мелените ореви и изматете до изедначување.

![]()
![]()
![]()
![]()

Полупечената кора премачкјате ја рамномерно со џемот, па одозгора распоредете го шамот од белки и израмнете. Наросете со сечкани ореви и допечете го во врелата рерна уште 15-18 минути. Оладениот колач сечете го на штангли. Деталите погледнете ги ОВДЕ. Од третата верзија деталите погледнете ги ОВДЕ.











