Со помош на една тајна состојка замесете тесто и направете ги најубавите лепчиња, меки како облачиња. Тестото се замесува без голем труд и за разлика од бесквасните теста кои мора добро да се измесат за да станат еластични, ова тесто се меси со „галење“, па дури и оние кои не се искусни можат да го направат.




Од ова тесто можете да направите што и да посакате. Тајната е во една лажичка оцет кој му помага на тестото побрзо и повеќе да порасне, а му дава и поубав вкус. Исто така, ова тесто се замесува на специфичен начин, малку поразличен од останатите теста.

Поради тоа, важно е да го следите секој чекор и полека да дојдете со совршеното тесто од кое може да печите слатки или солени печива. Ние ви предлагаме да ги испробате мини-лепчињата кои се одлични да се јадат засебно, со оброк или пак од нив да се прави сендвич. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 600+100 г брашно, 400 мл топло/млако млеко, 4 супени лажици шеќер, 1 кесичка сув квасец (8-10 г), 2 јајца, 80 мл масло, 1/2 мала лажичка сол, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 1 супена лажица оцет 9%, 50 г омекнат путер. За премачкување: 1 жолчка, 2 лажички млеко и сусам за наросување




ПОСТАПКА: Кога се приготвува тесто со квасец, за да биде успешно од голема важност е сите состојки да бидат топли или на собна температура. Секоја ладна состојка (директно извадена од фрижидер) може да го „пресече“ квасецот и тестото да биде неуспешно. Исто така, просторијата во која се замесува треба да биде топла и без провев.




Брашното просејте го во подлабок сад. За почеток доволни се 600 г, а остатокот од 100 г ќе ги додадете подоцна. Во посебен сад помешајте топло/млако млеко, квасецот и шеќерот, па кога ќе ги растворите додајте 2 јајца и масло. Добро изедначете, па додајте сол и прашок за печиво.




Во брашното направете вдлабнување како бунар, па внатре истурете ја течната мешавина со квасецот. Мешајте со лажица или шпатула додека брашното да ги впие течните состојки. Додајте една супена лажица оцет и продолжете со мешање. Тестото е доста меко и малку течно.




Во овој момент додајте го остатокот од брашното и формирајте меко, малку лепливо тесто. Истресете го на намастена работна површина, додајте го путерот омекнат на собна температура, па нежно, со лулкање и кружни движења формирајте топка од тестото која не се лепи за раце. Ставете го во тестото во садот, покријте со стреч-фолија и крпа, па оставете да стасува на топло 40 минути.




Од стасаното тесто истиснете го воздухот, нежно премесете го и поделете го на приближно 8 делови. Со штипкање на краевите и нивно вовлекување кон средината, од секое делче обликувајте топче.

Топчињата наредете ги во плех обложен со хартија, покријте ги со крпа и оставете ги да стасуваат на топло уште 20 минути. Потоа изматете ја жолчката со малку млеко и премачкјате ги лепчињата.

Загрејте ја рерната на 180 степени и ставете ги да се печат приближно 35 минути или додека да заруменат. Деталите од целата постапка погледнете ги ОВДЕ.