МНОГУ ОДАМНА СИ ЖИВЕЕЛ НЕКОЈ ЦАР кој многу сакал да си купува нова облека, па сите пари ги трошел за дотерување. He се грижел за војниците, не се интересирал за театар или за прошетки во природа. Тоа го правел само кога сакал да се пофали дека има нова облека.
Царот секој час се преслекувал во нова облека. Обично за секој цар велат дека е зафатен поради седница на Советот, додека за овој цар секогаш велеле: „Царот е зафатен. Се облекува!”
Царската престолнина била голема и секој ден доаѓале многу странци. Еден ден во престолнината дошле двајца измамници коишто се претставиле како ткајачи. Двајцата ткајачи се фалеле дека ткаенините што ги ткаат се најдобри и најубави, но и дека се посебни. Посебноста на тие ткаенини се состоела во тоа што тие биле невидливи за неумните луѓе или за оние што не си ја знаат својата работа.
– Колку убава ткаенина! – помислил царот. – Ако облечам таква облека, ќе можам да видам кои мои поданици не си ја знаат својата работа, а така полесно ќе се види и кој е умен во моево царство. Веднаш ќе нарачам да ми се исткае нова облека!
Па така царот однапред им платил на измамниците за да не се чека co ткаењето на неговата нова облека.
Измамниците наместиле разбој и се преправале дека вредно ткаат, иако на разбојот немало ништо. За својата работа побарале од најфината свила и од најскапиот златен конец, но сето тоа го ставале во своите торби и продолжувале да ткаат на празните разбои, и тоа до доцна во ноќта.
– Се прашувам како напредува ткаењето – си помислид царот. Но многу го мачела помислата на тоа дека неумните и некадарните луѓе не ќе можат да ја видат неговата нова облека. He ce плашел тој за себе, ама, сепак, мислел дека е најдобро да испрати некој од поданиците за да провери како напредуваат мајсторите. Bo престолнината веќе сите знаеле за посебната ткаенина и секој co нетрпение очекувал да дознае кој од неговите пријатели е неумен или неспособен да си ја врши својата работа.
– Ќе го испратам стариот и чесен министер! – си помислил царот. – Тој најдобро ќе ја оцени ткаенината, затоа што е паметен и одлично си ја врши својата работа!
И така стариот и чесен министер влегол во собата каде што работеле измамниците. – Боже мој, – си помислил министерот co ширум отворени очи – па овде нема ништо! Но за ова не кажал никому ниту збор.
Измамниците љубезно го поканиле да се приближи до разбојот и да го каже своето мислење.
– Ви се допаѓа шарата? -прашале измамниците покажувајќи кон празниот разбој, a кутриот тој само ги напрегал очите, но ништо не можел да види.
– Тешко мене, – си помислил – ова значи дека сум неумен?
Па тоа никогаш не сум си го помислил за себе, а верувам дека ни другите не помислиле дека сум неумен. Можеби веќе не сум способен за работа! Како и да е, никој не смее да дознае дека не можам да ја видам ткаенината!
И, како ви се допаѓа? – прашал еден од ткајачите.
О, многу е убаво, апсолутно совршено! – одговорил министерот и уште еднаш погледнал низ очилата. – Каква убава шара! Ке му пренесам на царот дека сум премногу задоволен.
Многу сте љубезен! – одговориле измамниците и до детаљ му ја опишале шарата. Стариот министер внимателно слушал за да не ги заборави описите на ткаенината и веднаш отрчал кај Царот за да му пренесе.
Измамниците побарале повеќе пари за свила и златен конец за да го завршат ткаењето, но сите пари си ги ставале во нивните џебови. На разбојот не ставиле ниту конче и по цел ден штракале на празниот разбој.
Набргу потоа царот го испратил својот советник да провери како напредува работата и да види кога ќе биде готова неговата нова облека. И нему му се случило истото како и на министерот.
Гледал, ги напрегал очите, но освен празен разбој во собата немало што друго да се види.
– Убаво е, нели? – го прашал еден од измамниците.
– He сум глупав! – си помислил советникот. – Тоа значи дека не сум способен за ова работно место? Ако дознае народот, ќе се потсмеваат co мене!
Па така и тој ја пофалил ткаенината што не ја видел, а патем додал дека особено му се допаѓаат нежните бои и преубавите шари.
– Фантастична ткаенина! – му пренел на царот.
Оваа преубава ткаенина станала главна тема на разговор во градот. Најпосле дошло ред и царот да ја види облеката додека сè уште била на разбојот. Ја повел својата свита, a co себе ги зел и министерот и советникот. И така целата свита влегла во собата кај празниот разбој.
– Зар не е прекрасна? – рекле министерот и советникот. -Видете ги само шарите, Ваше височество! – и покажале кон празните разбои, уверени дека сите присутни ја гледаат ткаенината.
– Што е сега ова?! – си помислил царот. – Ништо не гледам!
Јас сум неумен? He сум способен да бидам цар? Каков срам! Леле, срамота!
– Ооо, ткаенината е многу убава! – рекол царот. – Токму она што го барав! – задоволно кимал co главата гледајќи во празниот разбој. Ни тој не сакал да признае дека не гледа ништо.
И сите други од свитата биле во иста каша, но сите потврдувале:
„О, да, навистина убава ткаенина!” Дури го советувале за претстојната голема парада да си направи облека од таа ткаенина. Сите повторувале: „Чудесно! Прекрасно! Одлично!’ Сите биле воодушевени. Царот ги наградил измамниците co титула Витези на разбојот и co медали што ќе ги красат нивните гради.
Ноќта пред големата парада измамниците работеле на шеснаесет запалени свеќи. Така луѓето можеле да видат дека вредно се работи на новата облека на царот. Измамниците се преправале дека ја симнуваат облеката од разбоите, co големи ножици го сечеле воздухот, a шиеле co игла во која немало конец. Ha крајот свечено рекле: „Погледнете! Ја завршивме царевата нова облека!”
Царот ја повикал свитата и отишле кај измамниците. Измамниците ги испружиле рацете и рекле: „Еве, ова се панталоните! Ова е сакото! Ова е наметката… – и така co ред. „Облеката е лесна како пајажина! Чувствувате како да немате речиси ништо на себе, но токму во тоа е тајната на оваа ткаенина!”
– Така е, навистина! – рекле дворјаните, но не гледале ништо, зашто немало што да се види.
– Дали Вашето царско височество ќе биде љубезно да ја соблече својата облека? – прашале измамниците. – Ке ни биде чест да ви помогнеме да ја облечете Вашата нова облека, еве овде пред огледалото!
Царот ја соблекол својата облека, а измамниците се преправале дека го облекуваат во новата облека, па дури и дека му затегнуваат ремен околу половината. Царот задоволно се вртел пред огледалото.
– Каква елеганција, Ваше височество! Совршено ви прилега! -потврдувале сите. – Каков успех!
– Надвор веќе Be чекаат co балдахинот што ќе го носат над вас, ваше височество! – најавил главниот церемонијал-мајстор.
– Јас сум подготвен! – рекол царот. – Видете само колку убаво изгледам во новата облека!
И уште еднаш се погледнал во огледалото, преправајќи се дека се восхитува на својата нова облека.
Помошниците што требало да ја држат наметката зад царот почнале да пипкаат по подот и се преправале дека ја креваат наметката, зашто не смееле да покажат дека не гледаат ништо. Така царот почнал да маршира под убавиот балдахин во поворка, а сите луѓе на улицата и од прозорците довикувале:
„Преубава е новата облека на царот! Ова е најубавата негова облека до сега!”
Никој не сакал другите да помислат дека е неумен или некадарен. Ниту една облека на царот дотогаш не собрала толку многу пофалби.
– Ho, царот е гол! – рекло едно мало дете.
– Слушајте го мојот син, тој е искрен! – рекол таткото.
Тогаш сите во толпата почнале да шепотат: „Царот е гол! He e облечен! Убаво вели детето!”
Ha крајот сите викале на глас: „Царот е гол! Царот нема облека!”
И самиот цар имал непријатно чувство дека луѓето имаат право, но си помислил: „Сега морам да продолжам!” Така царот гордо продолжил да маршира, а пo него помошниците продолжиле да ја држат неговата невидлива наметка.
Ханс Кристијан Андерсен