Како едно од најдобрите природни средства за лекување на хемороиди се препорачува мевлем од див костен.
Може да се купи готов мевлем, но можете да си го направите и сами во домашни услови, бидејќи ефектите се доста поголеми.
Потребни состојки:
30 плодови див костен
500 мл коњак
Постапка:
Измиените костени треба да се изрендаат и да се стават во стаклена тегла. Бидејќи се многу цврсти, ова е многу тешко да се направи, па или ставете ги во некој електричен и моќен блендер за да ги иситните, или завиткани во крпа искршете ги и здробете ги со чекан.
Прелијте ги со коњакот и оставете ја добро затворената тегла да отстои околу 8 седмици. Повремено протресувајте ја теглата.
Вака приготвениот див костен за хемороиди, се пие неколку дена по неколку капки во чаша вода или на коцка шеќер.