Уште едeн во низата варијанти на едноставни колачи кои лесно можеме да ги подготвиме и по напорниот работен ден, готвење ручек и останати обврски. Со оглед на тоа дека ваквите колачи за ран појадок со чаша млеко или сок, се обидов да го направам што е можно полесен на база на овошје, јогурт…




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 200 г бел шеќер, 100 г кафеав шеќер (или обичен), 350 мл течен јогурт, 100 мл масло, 150 г пченичен гриз, 450 г меко брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 1 кесичка ванилин шеќер, 1/2 тегла овошје од компот (круши, јаболка, дуња), 200 мл сок од компот или овошен сок од тетрапак.




ПОСТАПКА: Компотот процедете го (секако, зачувајте ја течноста, бидејќи ќе ви биде потребна за подоцна). Јас користев компот од дуња, круши и јаболка со суво грозје, домашен, но може да ставите каков вкус сакате.




Јајцата со шеќерот се матат со миксер додека смесата да стане целосно кремаста и шеќерот да се растопи во јајцата. Додајте го течниот јогурт, маслото и посебно измешаните суви состојки (брашно, гриз, прашок за печиво, ванилин шеќер).




Соединете ги сите состојки. За подобра арома, додајте неколку лажици сок од компот (по желба). Тука можете да експериментирате, освен сокот од компот може да додадете кора од лимон или некој друг цитрус, што е навистина одлична комбинација кога станува збор за есенските десерти.




Смесата се истура во плех кој претходно се премачкува со масло и се наросува со гриз или пченично брашно. Големината на плехот е 35×21 см. Колачот се пече во претходно загреана рерна на 180 степени. Оставете да се испече – ако сакате овошјето да остане одозгора, печете го колачот 7 минути.




Потоа, извадете го и внимателно додајте го овошјето (моето беше ситно исечкано, коцки од околу 1 см). Повторно вратете го колачот во рерна и печете уште половина час. Кога е готов, проверете го со нож или дрвена чепкалка/стапче.




Испечениот колач додека е уште топол прелијте го со 200 или 300 мл сок од компотот или ако немате со малку овошен сок (јаболко, портокал и сл.). Колачот е многу вкусен и сочен и може да се декорира со шеќер во прав при послужување./ Сoolinarka.сom




РЕЦЕПТ 2. КОЛАЧ СО ПРАСКИ. Потребни состојки: 300 г бисквити, 1 кг праски, излупени и без семки, 2 пудинг од ванила, 500 мл вода, 7 лажици шеќер, 250 мл слатка павлака за шлаг и 300 мл маскарпоне или некое друго слично, несолено свежо сирење.

ПОСТАПКА: Праските излупете ги и исчистете ги од семки (јас ги мерев вака исчистени да бидат 1 кг), па исечкајте ги на помали парчиња. Ставете ги во сад заедно со шеќерот и 400 мл вода. Оставете да проврие и со повремено мешање варете ги 5 минути.




Ако праските се веќе меки и ситно исечкани, можеби ќе биде потребно помалку од тие 5 минути за да се распаднат и да станат кашести. Во разварените праски додајте го пудингот разматен во преостанатите 100 мл вода и добро промешајте. Варете 4-5 минути додека кремот да згусне.

Во плех за печење намастен со путер, наредете на дното ред бисквити, па веднаш прелијте ги со половина од врелиот крем со праски, потоа преку кремот наредете втор ред бисквити и преку нив прелијте го остатокот од кремот.




По желба можете врз кремот да наредите и свежи парчиња праска или парчиња од компот (во зависност од сезоната). Израмнете и оставете колачот да излади. За тоа време изматете цврст шлаг. По потреба додајте неколку лажици шеќер во прав ако сметате дека шлагот не е доволно сладок.

Потоа додајте маскарпоне па сето убаво соединете во мазен крем. Со белиот крем премачкајте го изладениот колач, оставете заедно добро да излади неколку часа во фрижидер, па сечете на коцки со величина по желба.