Лошите луѓе глумат одлично, бидејќи се склони на манипулации и тактики, тие немаат емоции, но знаат вешто да ги одглумат во вистинскиот момент и да ве придобијат, но сепак, доколку сте внимателни ќе ги препознаете по некои ситници.




1. Сакаат да ја негираат реалноста и да ве убедат во нивната искривена перцепција: Овие луѓе живеат во еден вид вечно негирање, како да ја гледаат реалноста поинаку. Тие не можат да се согласат со моменталната состојба на нештата и се противат на речиси сè што мислат другите.




Секогаш контрираат и секогаш од целината ја издвојуваат само негативноста. За разлика од нив, добрите луѓе во целината го пронаоѓаат само доброто и истото го истакнуваат колку и да е тоа малечко во однос на лошото.




2. Ги искривуваат фактите: Ова е навика на злобната личност. Тие користат техники на манипулација за да ја покажат негативната страна на сè. По секоја цена се обидуваат нештото или некоја личност да ја оцрнат, притоа вешто служејќи се со манипулации, скривање на целата вистина, а откривајќи само делумни факти кои делуваат доволно реално за да звучат вистинито. На тој начин можат да предизвикаат кoнфликт помеѓу двајца, па дури и да ги разделат.




3. Тие кријат важни информации: Кога злобниот човек ќе научи нешто важно, истото ќе го скрие од другите за некако да им ги отежни работите или да се чувствува помоќен од другите сфаќајќи дека знае нешто што другите не го знаат.




Особено кога таа информација би можела да им помогне на другите на кој било начин, тој ќе се преправа дека не знае или едноставно ќе си премолчи, за да немаат другите корист или пак, да им направи штета.




4. Ги доведуваат во заблуда луѓето: Лошата личност ги искривува фактите со тоа што ги тера луѓето да веруваат во погрешни информации. На тој начин добива контрола врз ситуацијата и врз луѓето.

Дури и ако ситуацијата е веќе доволно лоша, тој ќе ја претстави во такво светло што ќе биде полошо. Сака да владее со ситуацијата, па дури и ќе делува сугестибилно врз другите за да ги спречи во нивниот напредок или пак, да им нанесе штета и да ги уназади уште повеќе.




5. Постојано лажат: Лажат толку често што си веруваат во сопствените лаги. Психолошкиот лажго кој си поигрува со чувствата и животите на другите луѓе, па така, ќе лаже и за ситници, зашто е навикнат на тоа.

На пример, ако личноста е богата но скржава, таа постојано ќе се жали дека нема пари, со цел да изнуди материјална помош од вас. А, за она што ќе го купува и троши, ќе лаже дека го добила како подарок или милостина, без разлика дали е луксуз или не, а реалноста ќе ја искриви за да предизвика кај вас емоции на сожалување.




6. Не сакаат да одговараат за своите постапки. Тие многу ретко преземаат одговорност за направените работи. Дури и да бидат „фатени на дело“, тие ќе бараат начини да се извлечат и дефинитивно ќе најдат некого на кого ќе ја префрлат вината.




Тие никогаш не се виновни и секојпат некој друг им е виновен за сè. Свесни за оваа нивна особина, честопати оваа карактеристика ја префрлаат на лицето врз кое направиле штета, најчесто нивниот партнер. Па така, пред другите луѓе сакаат себеси да се претстават како светци, а партнерот свој како манипулатор.




7. Манипулираат со другите: Лошата личност маестрално манипулира. За нив луѓето воопшто не се важни, тие ги користат за свои цели, добивајќи корист и нанесувајќи им штета на другите. За нив нема правила, сè ќе сторат само за да ја остварат целта, буквално сè.