Медот е една од најздравите и најхранливи намирници што ни ги нуди природата. Сепак, нутриционистите советуваат дека пред почетокот на оваа диета треба да набавите и да користите мед со проверен квалитет.

Со оваа диета би требало да ослабете 2-3 килограми за три дена.

Прв ден

 

Појадок: 2 жолчки помешајте со 1 лажичка мед. Со оброкот пијте чај со лимон или кафе без шеќер.

Ручек: 100 г сирење + 50 г варен морков + 50 г варена брокула + 50 г варен карфиол. Сето ова измиксајте го во блендер и направете крем. Додаток – чај или кафе со 1 лажичка мед.

Вечера: Шолја бистра супа од зелечнук, парче интегрален леб и 1 јаболко/ круша/портокал

Втор ден:

 

 

Појадок: Ист како и првиот ден

Ручек: Направете крем од едно меко варено јајце, лажичка мед и 100 г младо сирење. Со оброкот пијте и чај со лимон или кафе.

Вечера: 150 г риба или пилешко филе, мала чинија салата од зеленчук и чај со лимон.

Трет ден

 

Појадок: Ист како и првиот и вториот ден + едно јаболко

Ручек: 50 г сирење, парче ’ржен леб и чинија свеж зеленчук со лимонов сок

Вечера: 300 г варен зелечнук, едно меко варено јајце и шолја чај со една лажичка мед.