Појадок или вечера која ќе ја подготвите за неполни 10 минути. Потоа ќе ви преостане само уште кратко да го испечете јадењето, да го послужите и да yживате во неговиот вкус. Ништо повкусно и побрзо не сум пробала во последно време. Ова филувано тесто одлично се комбинира со јогурт.




Тестото не е класично, односно не се замесува со рака, туку состојките се мешаат со шпатула или жица и кога ќе биде соединето, може да се филува. Не ми беше верно дека се изеде за 15 минути, тепсијата беше уште врела. Ќе ви бидат потребни следниве состојки:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 200 мл јогурт, 80 мл масло, 2,5 чаши брашно тип 400 (шолјата е од 200 мл), 10 г прашок за печиво, половина лажичка сол. ЗА ФИЛ: 2 големи лажички ајвар, 1 голема лажичка лутеница, 1/2 лажичка оригано, неколку парчиња кулен, неколку парчиња шунка, 1 лажица маслиново масло и уште малку обично сончогледово масло за подмачкување на тепсијата.




ПОСТАПКА: Во еден сад изматете 3 јајца. Малку посолете со половина лажичка сол, промешајте, па во јајцата додајте 200 мл јогурт. Веднаш потоа започнете да го додавате маслото. Настрана соединете околу 500 г брашно со 10 г прашок за печиво.




Постепено започнете да го додавате брашното со останатите состојки, додека непрекинато мешате со жица/маталка. Вака подготвената смеса треба да изглед на полуразлеано тесто кое не треба да се лепи на површината каде што сте го замесиле (во тој случај додајте повеќе брашно).




За филот: во помал сад ставете 2 големи лажици ајвар, додајте 1 голема лажица лутеница. Соединете, па потоа додајте половина лажичка оригано за вкус. Во тепсија или плех со кружна форма премачкајте со малку масло на дното и на површината.




Потоа излејте го подготвеното тесто и убаво распоредете го на дното додека насекаде да биде рамномерно. Врз тестото премачкајте со филот од ајвар и лутеница, распоредете подеднакво. Додајте 1 лажица маслиново масло и филот е подготвен за премачкување.




Потоа во тестото вбризгувајте парчиња кулен, па истото направете го и со неколку парчиња шунка (количина по ваш вкус). Исечкајте тврд кашкавал на коцки или правоаголници, па и него распоредете го тестото. Во секој случај, со филот може да експериментирате и да додавате намирници по ваш вкус, еве предлог: павлака со сирење и пиперки, маслинки со кулен, само зеленчук…




Вака подготвената појадок или вечера се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, 35 минути. Забелешка: Ако јајцата се помали, тогаш и брашно се додава помалку, густината на тестото погледнете ја во видеото. Јајцата што ги користев беа доста големи, па морав да додадам повеќе брашно. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.