Како зимница или едноставен прилог, ова е најубавата САЛАТА – мексиканска. Тоа што е автентично за самата салата е традиционалниот корен кој датира уште од многу одамна. Јас ја подготвувам веќе 30 години, а рецептот го знам од многу порано.

Многу позната салата која сигурно сте ја јаделе кај вашите баби или на некои старински слави. Секој дом треба да има по неколку тегли од оваа салата. Салатата се подготвува многу едноставно и брзо, подолу прочитајте го рецептот и потребните состојки:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 кг домати (здрави, неоштетени плодови), 300-500 г феферонки (лути пиперчиња), 4-5 главици лук (околу 300 г), 1 поголема китка магдонос, 10 г црн пипер во зрна. За теглите од 500 г, потребни ви се следните зачини: 5 лажички сол + 3, 5 лажички шеќер, 10 лажички масло, 5 лажички 9% ал-кохолен оцет.




ПОСТАПКА: За доматот да остане свеж и да го имате постојано преку зима, како што го имаме сега, подгответе го на овој начин, во зимница. Салатата ја сакаме пикантна, така ни е повксусна, но може да се стават и обични благи пиперки.




Најпрво доматите се мијат под млаз вода и добро се тријат со сода бикарбона. Сите домати се сечат на помали парчиња (најдобро на четвртини или осмини) и се редат во поголемо тенџере. Потоа преминете на подготвување на феферонките.




Наместо да ги сечкате сите феферонки, за да не губите многу време, исечкајте ја само секоја дршка и ставајте ги цели во тенџерето со исечкани домати. Феферонките се тенки и мали пиперчиња кои можат да се користат целосно, кога зимницата е во процес.




Главиците лук се чистат од лушпата, па неколку чешниња се сечкаат ситно на листови, а остатокот се ставаат цели чешниња (зависи од нивната големина). На овој начин исечканите лукчиња ќе пуштат од нивната прекрасна арома, а целите чешниња ќе апсорбираат од соковите кои целокупниот зеленчук (особено доматите и феферонките) кои ги испуштаат.




Магдоносот се сечка на ситни или средни парчиња, претходно измиен и се додава во тенџерето со останатите зеленчуци. По желба, може да додадете и ловоров лист. Во сите состојки додајте 3 лажици сол и нежно промешајте со поголема дрвена лажица или со раце (ако ви е полесно).




Вака подготвената зимница се остава да отстои половина до еден час за доматите да го испуштат својот сок. Иако, доматите кои јас ги имам се доста месести, немаат многу течности во нив, сепак го практикувам времето на отстојување. Доколку вашите домати се многу влажни и содржат многу сок, можете да го искористите на крајот, да го распоредите во теглите со зимница.




Во чисти и стерилизирани тегли со здрав и соодветен капак, редете од измешаната зимница, речиси до врвот. Јас прво редам домати, лукче, па феферонки и притиснете што можете повеќе, па наполнете до врвот. Истата постапка применета ја и за останатите тегли, додека да го пополните целиот материјал. Вкупно искористив 5 тегли од 500 мл.




Во секоја тегла се става неполна мала лажичка сол, 1 рамна лажичка шеќер, 1 мала лажичка ал-кохолен оцет и 1-2 лажички масло. Вака подготвените тегли се затвораат во соодветен капак и се подготвуваат за пастеризација, бидејќи не се става конзерванс или винобран.

На крајот се прелива со сокот кој го испуштиле доматите, кој е потребно да се распореди подеднакво низ сите тегли. Потоа, ако имате притиснете ја зимницата со пластични затворачи за да не се подигне (тоа може да го направите и со две дрвени чепкалки поставени во ,,х”).

Ако во теглите фали течност, ставете врела вода во нив (мора да биде зовриена), до самиот врв на теглите. Моите домати не беа многу сочни, повеќе имаа месест дел и затоа морам да додавам вода. Затворете ги теглите со соодветниот капак и ставете ги да се оладат настрана, отприлика неколку часа. Потребно е да се чуваат на темно и ладно место. Деталите од целата постапка можете да ги поглднете во видеото ОВДЕ.