Ова е еден сочен, многу убав колач кој се подготвува многу брзо и без употреба на миксер. Го подготвувам долг период, па пробајте го и вие. Колачот има вкус на млечна ванила со малку чоколадо, затоа е најубав. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, 7 лажици шеќер, малку арома од ванила, 7 лажици масло, 7 лажици млеко, 5 лажици нежно бело брашно, 2 лажици незасладено какао, 8 г прашок за печење. Ќе ви биде потребен калап со дијаметар од 26 см.
ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад скршете 2 јајца, со нормална големина. Малку разредете ги со жица/маталка, па додајте 7 големи лажици шеќер. Додајте малку арома од ванила и измешајте ги состојките додека да се соединат.
Потоа додајте 7 лажици масло, повторно измешајте додека маслото да се соедини во останатите состојки. Се додава млекото, 7 лажици, па повторно добро се соединува пред да почнете со додавање на брашното, кое оди по 5 лажици.
Како што го додавате брашното, постепено промешувајте ги состојките, за да не се формираат грутки. Додајте 2 големи лажици незасладено какао, соедиенете во еднолична смеса и целата смеса префрлете ја во калап со пречник од 26 см.
Калапот малку протресете го од дното, за да се ослободат меурчињата воздух, акумулирани на дното. Колачот се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 15 минути.
ЗА ФИЛОТ ЌЕ ВИ БИДЕ ПОТРЕБНО (втор слој): 500 г јогурт, 70 г млеко во прав. ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад ставете 500 г цврст јогурт (може да биде и ароматичен, на пример со вкус од ванила), а потоа додајте 70 г млеко во прав.
Измешајте ги состојките со лажица, а потоа кремот кој го подготвивте премачкајте го врз печената кора. Кремот треба добро да се измазни на површината, а потоа ставете на печење на истата температура уште 15 минути да допече, додека го подготвувате третиот слој од колачот.
ПОДГОТОВКА НА ТРЕТИОТ СЛОЈ: 500 мл млекоо, 1 лажица скроб, карамел по желба. ПОСТАПКА: Во едно тенџере ставете 500 мл млеко и истурете 1 чашка карамел по желба. Малку промешајте со лажица и ставете на рингла да се згусне, со повремено мешање.
Во смесата додајте и 1 лажичка скроб за згуснувањето да биде полесно. Кога ќе го подготвите и третиот слој, прелијте го врз колачот и ставете во фрижидер за кремот да се олади, отприлика околу 2 часа. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.