Плескавиците од тиквички и фета сирење според рецептот на Зорица (Поморавка) се нешто што мора да го испробате. Вкусот е феноменален, а постапката за приготвување е брза и лесна, па според моето искуство, откако еднаш ќе ги испробате, многу често ќе ги приготвувате, барем двапати седмично.

Во смесата за тесто наместо брашно може да ставите овесни снегулки или да користите мешавина од различна брашна. Исто така, количината можете да ја зголемувате или намалувате според личните потреби.




„Овие плескавици можете да ги послужите со доматна салата или таратур, или салата по ваш избор. Јас моите плескавици ги печев во рерна, но кој сака може да ги пржи во масло на умерена температура. Од оваа смеса ќе добиете 14 помали пласкавици, а можете да ги правите и поголеми, по желба“, вели Зорица. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 750 г рендани тиквички, 250 г фета сирење, 2 лажички свежо насечкан копар/мирудија, 120-150 г брашно, 3 јајца (изматени посебно со виљушка), по вкус сол, црн пипер во прав и суз зеленчуков зачин-вегета), 5-6 млади кромитчиња, масло по потреба за пржење




ПОСТАПКА: Тиквичките измијте ги, отстранете им ги краевите (дршката), па доколку се млади изрендајте ги сосе лушпата на крупната страна од рендето. Ставете ги во цедалка, посолете ги и оставете ги половина час да се исцедат.




Во меѓувреме ситно исечкајте ги кромитчињата. Белиот и светло зелениот дел може да го додадете во смесата, а темно зелениот дел сочувате го за салатата со домати или пак помешајте го со кисела павлака.




Во подлабок сад иситнете го фета сирењето и додајте го сечканиот млад кромид. Додајте ја исечканата мирудија/копар, брашното и посолете по вкус (внимавајте на солта, бидејќи сирењето е солено, а исто така и тиквичките претходно ги посоливте).




Зачинете по вкус со црн пипер во прав и сув зеленчуков зачин, па додајте ги изматените јајца и убаво промешајте за да добиете изедначена смеса. Во смесата од брашно и јајца додајте ги исцедените тиквички и повторно промешајте.




ЗА ПРЖЕЊЕ ВО МАСЛО: Во широка тава загрејте масло на умерена температура, па со лажица спуштајте од смесата, па со лажицата (намастена) малку притиснете одозгора и пржете ги по 3-4 минути од секоја страна.




Пржените плескавици вадете ги во чинија обложена со хартиена салветка за да се исцеди вишокот маснотија. Доколку ги печете во рерна, редете ги во плех обложен со хартија и малку намастен со масло, во загреана рерна на 170 степени околу 45 минути.