БРЗИ УШТИПЦИ КОИ НЕ ВПИВААТ ТРОШКА МАСЛО, секој втор ден ги правам, а децата ги сакаат во слатка и солена варијанта. Запишете си го овој рецептот, бидејќи нема поубав и повкусен појадок или вечера од овие уштипци.
![]()
![]()
![]()
![]()
Ви велам, откога ми беа мали децата почнав секојдневно да ги правам, а до ден денес сè уште се радуваат кога ќе им ги приготвам. Ги јадат и благи и солени, а се подготвуваат за неполни 30 минути. Нема побрз рецепт за подготовка на уштипци од овој, а потребни ви се само 5 состојки.

![]()
![]()
![]()
![]()
Во некои делови од нашата земја се нарекуваат „пишии“, односно тестото е исто како и за мекици само што начинот на подготовка е малку поразличен. Според некои објаснувања пишиите се прават од кора и директно се пржат во тавчето, а уштипците се црпат со лажица па се ставаат на пржење.
![]()
![]()
![]()
![]()
Порано пишиите ги правеле од истото тесто како и за лебот, а мекиците и уштипците се приготвувале од помеко тесто. Како и да е, вкусот е одличен, бидејќи во овој рецепт тестото се замесува со јогурт. Еве што ви е потребно:





Потребни состојки: 2 јајца, 300 мл јогурт, 1 чајна лажичка сол, 600 г брашно (јас користев тип 500), 1 кесичка прашок за печиво или 12 г.
Постапка: Сите состојки си ги спремив во посебен сад, а потоа само ги додавав во поголем сад за замесување на тестото. Најпрво скршете ги двете јајца и изматете ги со рачна жица, маталка.
![]()
![]()
![]()
![]()
Потоа додајте 300 мл јогурт, 1 чајна лажичка сол, па повторно добро промешајте. Постепено додавајте го брашното ипомешано со 1 кесичка прашок за печиво. Како што го додавате брашното, мешајте се додека да се формира тесто, нелепливо под прсти.

![]()
![]()
![]()
![]()

На крајот треба да добиете тесто кое лесно ќе се одвојува од садот и нема да лепи. Подготвеното тесто истресете го на набрашнета рамна површина, па развлечете го со оклагија во кора со приближно 5 мм во дебелина.

![]()
![]()
![]()
![]()

Потоа се сече тестото на еднакви вертикални линии, а потоа на помали хоризонтални, како коцки, но можете да го исечете и на триаголници, баклави или кругови, како крофни. Вака исеченото тесто се остава да отстои 10 минути, а во меѓувреме во тенџере на рингла се става маслото да се загрее (околу една чаша, 200 мл).

![]()
![]()
![]()
![]()

Во загреаното масло се пржат уштипците колку што собира во тенџерето, прво се пржат од едната па од другата страна, додека да заруменат, а потоа се вадат во чинија обложена со хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија. Деталите од целата постапка може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.












