Овој познат оревов колач е „cпас“ за деновите кога сте презафатени и кога немате време за долго подготвување на десерт. Рецептот е одличен, особено кога кулинарските вештини се унапредени и рецептите се модернизирани да се подготвуваат побрзо и повкусно од порано.




Колачот е многу лесен, а особено вкусен го прави 1 состојка која може да ја прочитате подолу во рецептот. Нема да погрешите со овој рецепт, кој многу потсетува на старите денови кога баба печеше колачи во кујната. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 150 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 120 мл масло, 120 мл млеко, 150 мл топла вода, 1 голема лажица инстант кафе, 420 г бело брашно, 16 г прашок за печиво, 1 лажица оцет, ореви, шеќер во прав.




ПОСТАПКА: Скршете ги трите јајца и малку разматете ги со жица или маталка. Додајте го шеќерот и ванилиниот шеќер и започнете да матите со миксер додека шеќерот да почне да се растопува и јајцата да стануваат пенасти.




Постепено додавајте го маслото, па потоа млекото. Настрана сварете 150 мл вода и додека е врела, во неа додајте 1 голема лажица нескафе и измешајте. Кафето додајте го во останатите состојки, а потоа соединете.




На крајот се додава брашното заедно со прашокот за печиво и се меша во еднолична и течна смеса. Смесата се излева во калап за печење, обложен со соодветна хартија и одозгора се редат неколку цели ореви.




Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 35 минути. По изминатото време, проверете дали колачот е печен во рерна, ако му е потребно уште малку време, допечете. На крајот колачот се сече на коцки и се наросува со шеќер во прав.




Посебната состојка всушност е оцетот кој помага во одржување на свежина на печивата, во колачи или леб. Тоа значи дека колачот може да ви трае и со денови без да се стегне или да го изгуби вкусот. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.