Кремпита со пудинг – необична и брза со преубав вкус. Оваа кремпита е превкусна и малку необична. Постапката за приготвување е едноставна и брза. Изненадете ги своите најблиски со овој вкусен колач. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 жолчки, 1 јајце, 3 лажици шеќер, 3 лажици топла вода, 2 лажици брашно, 1 лажичка прашок за печиво. ЗА КРЕМ 1: 800 мл вода, 3 пудинзи од ванила, 10 лажици шеќер (200 г), 5 белки, 5 лажици шеќер. ЗА КРЕМ 2: 350 мл млеко, 3-4 лажици шеќер, 1 пудинг од ванила, 300 мл слатка павлака.




ПОСТАПКА: Во еден длабок сад за матење ставете 3 жолчки и едно цело јајце и 3 лажици шеќер. Со миксер пенасто изматете додека жолчките да побелат и згуснат. Во смесата додајте 3 лажици топла вода, 2 лажици брашно и 1 лажичка прашок за печиво. Изматете со миксер додека да се соединат состојките.




Смесата излејте ја во обложен калап (25х25 см) со хартија за печење, а страните премачкани со малку маргарин. Израмнете и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 10 минути.

Крем 1: Во 800 мл вода ставете 10 лажици шеќер и прашокот од три кесички пудинг од ванила. Промешајте и варете ја смесата со постојано мешање додека да згусне. Во посебен сад изматете 5 белки со 5 лажици шеќер додека да добиете цврст снег.




Во белките постепано додавајте по една-две лажици од врелиот пудинг и миксајте додека двете смеси да се соединат. Од печената и изладена кора извадете ја хартијата, па вратете ја во плехот каде се печеше.

кремпита




Врз кората излејте го приготвениот крем и израмнете. Оставете во фрижидер да излади. Крем 2: Во 350 мл млеко додајте 3-4 лажици шеќер и 1 пудинг, па сварете го со постојано мешање додека да згусне. Оставете го да излади целосно.




Посебно изматете 300 мл слатка павлака додека да малку згусне. Изладениот пудинг изматете го со миксер, а потоа постепено додавајте го во слатката павлака и продолжете да матете со миксерот.

Добиената смеса рамномерно распоредете ја врз жолтиот фил. Израмнете и декорирајте по желба. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ, во продолжение можете да прочитате уште еден рецепт за кремпита со бисквити.




(втор рецепт) КРЕМПИТА СО БИСКВИТИ готова е за 10 минути, навистина брза и вкусна. Многу брзо се приготвува, кога ќе излади е вистински освежителен кремаст колач. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г бисквити. За фил: 1 литар млеко, 4 јајца, 250 г путер / маргарин, 16 лажици шеќер, 3 лажици брашно, 3 лажици гриз, 2 лажици густин и 2 кесички шлаг.




ПОСТАПКА: од литар млеко издвојте една шолја, а остатокот ставете го на оган да се вари со 250 г путер. Изматете 4 жолчки со 8 лажици шеќер, па додајте 3 лажици брашно, 3 лажици гриз и 2 лажици густин.

Во ова додајте шолја млеко (што ја одвоивте претходно), добро изматете да нема грутки и добиената смеса постепено додавајте ја со постојано мешање во зовриеното млеко. Варете го кремот додека да згусне.




Посебно изматете 4 белки со 8 лажици шеќер во цврст снег (шеќерот постепено додавајте го додека матите). Снегот од белки вмешајте го во врелиот, претходно сварен крем и со лажица измешајте убаво да се соедини.

Во меѓувреме, поголема тепсија (мојата е 23х39 см) наредете ја со еден ред бисквити. Не е потребно да се натопуваат во млеко. Преку бисквитите излејте го врелиот фил и израмнете ја површината.

Филот полека истурајте го за да не се поместуваат бисквитите (или можете на дното многу тенко да намачкате фил кој ќе служи како лепило за бисквитите). Преку филот наредете уште еден ред биксвити.

Оставете да излади на собна температура, па потоа ставете го во фрижидер. Одозгора декорирајте со две кесички шлаг кои ќе ги изматите според упатството. Тортата многу брзо се подготвува, но најдобра е за јадење откога ќе отстои неколку часови во фрижидер, а уште подобро преку цела ноќ.

кремпита