Сендвич сладоледот нема да ве чини многу, а вкусот на филот можете да го замените со нешто што моментно го имате дома, нешто што нема да ве лини премногу. Ако не сте љубител на овој вид сладолед, тогаш можете да направите чоколаден на стапче или класичен.
А, она што е одлично во овој рецепт, е тоа што не ви е потребно многу време и труд за да приготвите ваков вкусен десерт за целото семејство. Најмногу ќе се воодушеваат децата, кои едвај чекаат да го пробаат. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за кора: 2 jajца, 1 кесичка ванилин шеќер, 100 г шеќер, 150 мл масло, 70 г какао, 300 г брашно, 1 лажичка прашок за печиво, 1 лажичка сода, 500 мл врела вода (не зовриена). ЗА ФИЛ: 50 мл вода и 12 г желатин, 400 мл слатка павлака, 400 мл кондензирано млеко, 180 мл млеко во прав, 100 мл шлаг и шеќер во прав за наросување.
ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад скршете 2 јajца, додајте го шеќерот заедни со ванилиниот шеќер и започнете да матите со миксерот додека јајцата да станат пенасти, а шеќерот да се растопи во нив.
Додајте 150 мл масло, 70 г какао и постојано продолжувајте да ја матите смесата. Додајте го брашното (постепено), заедно со прашокот за печиво и сода бикарбоната. Изматете до соединување, па на крајот додајте ја водата.
Потребно е да добиете течна, мазна и еднолична смеса која нема да има грутки од сувите состојки. Смесата се излева во класичен калап за печење, обложен со хартија и се става да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 15 минути.
По печењето, кората брауни се остава да се излади, а потоа се дели на два еднакви делови, може и надолжно, но ако кората ви е тенка и не можете да ја пресечете на тој начин, тогаш само пресечете ја на половина одозгора. Поубаво е доколку корите се потенки, но сепак и подебела кора дава убав вкус.
ЗА ФИЛОТ: во блендер ставете ги следниве состојки: 400 мл кондензирано млеко, 400 мл слатка павлака и 180 г млеко во прав. Настрана измешајте 12 г желатин со 50 мл топла вода и потоа стопете ги, па додајте ги во блендерот.
Измиксајте ги состојките во блендер додека да се направи убав крем. Настрана изматете го шлагот додека да биде цврст, па соединете го со кремот кој претходно го направивте. Во калапот кај што ги печевте корите ставате ја првата кора и одозгора прелијте го кремот.
Завршете со втората кора, па завиткајте одозгора со проѕирна фолија и ставате во фрижидер да се стегне минимум 4 часа или најдобро преку ноќ. Потоа сладолед колачот превртете го на дрвена даска и одозгора обилно наросете со шеќер во прав. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.