Испробано…Совршено…може да се стави ананас, праски и рибизли, а подолу може да го прочитате рецептот со јагоди…Cyпер едноставна за правење иако делува сложено. Брзо, едноставно и фино. Го испробав со јагоди. Благодарам за рецептот, пишуваат читатели за овој колач.




Се прави навистина многу лесно, само треба да се „шмугнете“ во кујната накратко и да ги изненадите вашите сакани со овој преубав колач на кој му нема рамен. Еве кои состојки ви се потребни за да го подготвите:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 мл вода, 75 г путер или маргарин, 100 г брашно, 3 јајца. ЗА КРЕМ: 1 литар млеко, 3 кесички пудинг од ванила, 8 лажици шеќер, 200 г сезонско овошје (јагоди, малини, капини и сл.). ЗА БЕЛИОТ КРЕМ: 400 мл шлаг, 8 лажички шеќер во прав, 100 г абц сирење (крем сирење).




ПОСТАПКА: Во тенџере на умерена температура оган се варат маргаринот и водата, па кога ќе зоврие се додава брашното и се варат минута или две со непрекинато мешање, додека да се добие тесто.

Се трга од рингла и се остава да излади, да биде млако, да се додаваат јајцата, едно по едно. Се мати со миксер со продолжетоци за тесто или се меси рачно, сè додека јајцето да се инкорпорира во тестото, а дури потоа се додава следното.




Добиената смеса поделете ја на два еднакви делови. Еден дел од смесата премачкајте ја врз хартијата за печење на дното од калапот за торта (можна е секаква големина на калап од 26 до 30, не е важно).




Не ја израмнувајте кората, нека остане нерамна, релјефот на кората ќе биде поубав. Печете во претходно загреана рерна на 200 C, околу 25 минути без да ја отворите рерната. Кога кората ќе добие убава боја, извадете ја и истото направете го со другата кора.




Ставете ја долната кора на плехот на кој ќе премачкувате и околу неа обрач и прелијте со ладен жолт фил, наросете со исечкано овошје по избор и врз овошјето повторно бел фил. Се покрива со горната кора и се остава во фрижидер да се излади неколку часа. Подготовка на кремовите:




ЗА ЖОЛТ КРЕМ: Одземете неколку лажици од 1 литар млеко и измешајте ги со трите кесички пудинг од ванила. Остатокот од млекото ставете да зоврие на рингла заедно со шеќерот. Кога млекото ќе се свари, додајте ја смесата од пудинзи и мешајте додека да ја добие посакуваната конзистентност.




ЗА БЕЛИОТ КРЕМ: 8 лажици шеќер се матат пенасто заедно со шеќерот во прав. Може да користите абц сирење или маскарпоне. Настрана изматете го шлагот или купете готов, па соединете ги двете смеси во едноличен бел крем. / Coolinarka.com